Локалитетот „Светец“ или „Дуќан“ се наоѓа непосредно под манастирот „Свети Архангел Михаил“ во Варош. Тука природно се сместени две поголеми карпи. Меѓу овие две карпи, во средниот век, прво била изградена испосничка колиба, потоа мал манастир, а во XIV век, на една карпа врз малтарена подлога била насликана фреска со претстава на свети Архангел Михаил на коњ.
Под карпата со фреска има мала пештера – процеп. Тука бил откриен гроб со кремиран мртовец, чиишто остатоци биле собрани и заедно со гарежот ставени во урна и закопани во земја. Кремирањето било извршено надвор од местото на погребот. Според антрополошката анализа, во прашање била кремирана жена.
Овој е прв гроб со земјена урна, не само во Пелагонија, туку и во цела Македонија.
Коментирај