Огниште од неолитска куќа, откриено на локалитетот Могила, на теренот на некогашната Живинарска фарма на ЗИК Прилеп.

Локалитетот „Могила“

Локалитетот „Могила“

Оваа населба е подигната на вештачка тумба, која се наоѓа на 2 км југозападно од селото Сенокос, покрак патот Сенокос-Новоселани. Своевремено се ископани три сонди.

Во првата сонда се откриени земјанки за живеење, вкопани во здравица, Откриени се многу рогови, најверојатно од дивокози. Од керамиката се пронајдени земјени женски статуетки, земјени животински статуетки и многу коски од животни.

Во втората сонда пронајдени се и кремени и камени артефакти и коскени шила.

Во третата сонда најдена е статуетка од земја со оштетено „птичје лице“ и продупени калци. На подот е најдена рачна мелница за мелење на жито.

Животот во оваа населба се одвивал во неколку фази, почнувајќи од доцниот неолит, па до раната бронзова епоха.

Нема Коментари

Коментирај