Локалитетот „Кале“, село Десово се наоѓа на 4 км од Десово и 2,5 км североисточно од Браилово на карпест рид на планината Леска.
„Кале“ е доцноантичка висока стража, користена и во средниот век кога е и обновена. Малата стража на Леска го контролирала северниот крај на Пелагонија и патот од Прилеп кон Велес и Скопје, што поминувал на превалецот Клетовник. Стражата веројатно била користена само повремено, во воените настани од тој период.
Коментирај