Лазар Ристовски

Лазар Ристовски

Лазар Ристовски

Лазар Ристовски е роден на 26 oктомври 1952 година во Равно Село во општина Врбас, Војводина.

Неговиот татко Петар е роден во Мариовското село Гуѓаково, но работата го носи со семејството во Србија, каде што работел како железничар. Лазар Ристовски завршил Учителска Школа во Сомбор, а Факултет за Драмски Уметности во Белград. Има играно во преку 4000 илјади претстави и над 40 филмови, ТВ серии, ТВ драми.

Најпознати претстави кои ги играл се: Шекспировиот „Хамлет“, „Долго патување во Eвропа“, „Амадеус“, „Луда“, „Мрестење на крапот”, „Оригинал фалсификат”, „Мала”, “Урнебесна трагедија”, „Дон Жуан“, „Мушичка“, „Мара Сад”, „Венчавка“.

Филмови:„Хајка” (1977), „Светозар Марковиќ“ (1981), „Игмански марш“ (1983), „Така се калеше челикот“ (1988), „Оригинал фалсификат“ (1991), „Тито и јас“ (1992), „Подземје“ (1995), „Балкански правила“ (1997), „Буре барут“ (1998), „Збогум на 20-тиот век“ (1998), „Бело одело” (1999), „Бумеранг“ (2001), „Мал свет“ (2003), „Пад во рајот“ (2004), „Сон на зимската ноќ“ (2004). „Свети Ѓорѓи ја убива ламјата“ (2009), „Бели лавови“ (2011).

Продуцент и режисер е на филмовите „Бело одело“(1999) и „Бели лавови“ (2011).. Продуцент е на уште 10 други филмови.
Напишал и два романи: „Бело одело“ и „Како добив Оскар“.

Лазар Ристовски е сопственик на сопствена продуцентска куќа, Зилион Филм.

Нема Коментари

Коментирај