30те години од минатиот век: Прилепски манги пред кино реклами...

Прилепските кина

Прилепските кина…

Некаде во април месец 1917 година во Прилеп е прикажан првиот уметнички филм за германските војници стационирани во Прилеп.

Фотографскиот хроничар и прилепската кино -легенда, Пане Напе забележал за тоа време:
„Споменатиот месец и година во турската џамија кај Градскиот Саат, се сеќавам бев малечок но успеав да го видам првиот филм. За името на филмот не се сеќавам но главната улога ја имаше Макс Линдер, филмот имаше комична содржина а пред филмот се прожектираше и журнал“
Според кажувањата на Напе тогаш Прилепските Турци се жалеле во Цариград затоа што во нивната џамија се прикажувало „Срамно дело“ односно како шетаат луѓе по „Бело перде“ или како што ги викале тогашните популарни театри на сенки Karagöz perdesi

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc