„За успомену из Забаве јадранске страже 1933 годинe“... Димитрије Зазовић, ул. Загребачка 5...

Јадранска стража

Јадранска стража е создадена во 1922 година, како друштво за популаризација на поморството меѓу „Јужните Словени“. Освен во приморските градови, друштвото било популарно и во останатите поголеми градови во тогашна Југославија.

Симболот на друштвото бил боздоганот на Крал Марко извлечен наполовина од морето. Во 1926 година „Јадранска стража“ во соработка со воената морнарица собирала парични средства низ цела Југославија за набавка на школски брод за обука. Во таа акција Јадранска стража собрала околу еден милион динари, со кои пари учествувала во купувањето на школскиот брод „Јадран“.

На 30 мај 1931 година, во Дубровник бил организиран свечен пречек на членовите од Јужна Србија (Македонија), при што од Македонија со посебни возови пристигнале повеќе од 600 членови, предводени од Соколските оркестри.

Огранок на друштвото „Јадранска стража“ во Прилеп било формирано во 1922 година, од граѓани ориентирани кон тогашниот режим. За претседател на одборот на друштвото бил избран книжарот Тодор Петровиќ, кој бил дипломиран инжинер. Подружница на друштвото постоела и во Гимназијата, составена од ученици и наставници, како и во селото Сенокос. Како режимска национална организација, својата активност друштвото ја изразувало преку предавања, филмови, академии, забави, екскурзии, а го ширеле и своето списание – „Јадранска стража“.

Друштвото организирало чести излети, па дури и летувања на Јадранско Море. Во 1935 година била организирана посета до Охрид и манастирот „Свети Наум Охридски“, кога се патувало со автобус. Активноста на ова друштво не била забележителна во градот, бидејќи опфаќала само тесен круг на граѓани.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc