Козјак е оддалечен од Прилеп околу 15 км. Веројатно е најдобро да се тргне од с. Ореовец. До селото се стигнува кога се оди кон патот Велес-Градско, се врти лево за селото. Или доаѓајќи од тој правец Велес-Градско, се оди директно таму на местото каде има патоказ за с. Ореовец (930 мнв). Тргнувањето е од селото, поточно од манастирот. Потребно е вкупно околу 3,5 часа за да се стигне до врвот Козјак. Почетно се оди кон селото Крстец (960 мнв) по долината на реката Пештерица (или Ореовечка река, која се влива во вештачкото Прилепско езеро). По овој дел дел на патеката низ селото и по долината на реката, глетката е многу живописна. Има повеќе селски извори со чиста вода за пиење. Некаде на средина на овој дел од патот на 10-15 метри над патот се наоѓа пештерата Рамниште, нема пештерски украси – сталактити, сталагмити, не е доволно испитана, има два влеза: понорен кој е поризичен и хоризонтален. Висока е 15 метри.
Од селото Крстец (по добро маркирана патека во цела должина до врвот Козјак и понатаму до с. Ореовец) се оди првин кон врвот Белото (или Кладенец, 1475 мнв) во правец исток. Понатаму од Белото се скршнува кон југ и правецот на движење веќе се исправа во кон самиот врв, патеката оди угорно. Во овој предел се наоѓа друга пештера наречена „Духова пештера“. Месното население ја посетува на Духовден, се верува дека има исцелително значење. Пред самиот врв Козјак теренот Врвот Козјаке малку пострмен но сепак не е посебно тежок и секој би можел да го помине. Потребна е само малку кондиција. Врвот е означен со стаклена топка.
Симнувањето од врвот Козјак не мора да биде по истиот пат. Може прво да се оди по сртот кон Мал Козјак. По симнување од околу 500 метри, по левата (јужната) страна по стрмнината надолу, може да се дојде до таканареченаата „Солунска пештера“, која го добила името по тоа што се верува дека ако се истури внатре боја истата ќе се појави во Солун, или ако се викне ехото ќе излезе исто во Солун. До нив е малку потешко да се дојде, но е возможно. Потребно е да се се внимава заради стрмнината. После Мал Козјак се продолжува надолу во правец на превојот Плетвар, до кој зависно од темпото се стигнува за 2,5 часа.
Одејќи кон Плетвар првин се пристигнува на раскрсница каде има две чешми: Плетварски Студенец 1 и 2. На овие две места ако поминете во пролет или лето ќе го почувствувате рајот! Невидена убавина, зеленило, сенки и студена вода! Но има своја убавина и во другите годишни времиња. Од тука ако се продолжи право се стигнува до селото Плетвар и понатаму патот за Велес и Скопје. Може и да се оди во десно се до почетната точка с. Ореовец.
Секоја година во пролет ПД „Козјак“ од Прилеп организира традиционално искачување на Козјак.
Опис: Звонко Петроски
Коментирај