Костадинка Тасеска Брашнарова (сопруга на примариус др. Христо Брашнаров) е родена 1924 година во Прилеп.
По завршувањето на осми клас во прилепската Гимназија, се запишала на Филозофскиот факултет, но не го завршила.
Благодарение на нејзината умешност да пишува состави, многу пишани материјали од животот и секојдневието беа објавени во јавните гласила.
Нејзиниот сопруг, примариус др. Христо Брашнаров (Прилеп, 27. XII 1918), бил гинеколог, акушер и учесник во НОБ. Завршил Медицински факултет во Белград во 1946 година. Работел во Битола и во Скопје (1947), каде што специјализирал гинекологија (1952) и бил директор на Средното медицинско училиште. Примариус станал во 1966 година. Како гинеколог работел во Струмица, Прилеп и Скопје (1971–1981), каде што бил началник на Диспанзерот за жени во поликлиниката „Центар“.
Костадинка Тасеска Брашнарова почина во 2002 година во Лондон.
Коментирај