Коста Димефски

Коста Димефски

Коста Димефски е роден во Прилеп на 29 јуни 1931 година.
Неговиот татко бил чевлар а мајка му работела тутун и се грижела за него и неговата помала сестра.
На 12 години останува без мајка а четири години подоцна умира и неговиот татко.
По завршувањето на средното техничко училиште во Скопје, Коста се враќа во Прилеп каде што се вработува во комбинатот Црн Бор како механичар.
Како млад човек се запознава и се дружи со средношколката Драгица Иваноска но по кратко време во 1951 година илегално пребегува во Грција од каде што заминува за Франција каде што работи на фарма а подоцна и како механичар во Париз.
Во 1955 година неговата средношколска љубов Драгица, заедно со нејзината мајка и братот се иселува во САД не знаејќи долго што се сличило со Коста.
Судбината повторно ги споила во 1957 година.
Коста помогнат од Драгица го напушта Париз и доаѓа во Канада а по една година пристигнува во САД каде што набрзо стапуваат во брачна заедница и се населуваат во Детроит.
Во почетоткот Коста работи како механичар но напоредно со работата завршува школо за дизајн, што му овозможува да работи како технички цртач.
После 20 години работа во повеќе компании во Детроит Коста заедно со неговиот добар пријател Џеф Макнамара формираа заедничка компанија за инжинеринг и дизајн.
Работејки за најголемите компании од автомобилската индустрија тие создадоа компанија со 600 вработени.
Коста Димефски почина на 9 декември 2014 год.
Коста беше добар, скромен и друштвен човек кој секогаш беше спремен да даде помош на секој.

Напишано од Ѓорѓи Башески

Нема Коментари

Коментирај