Општински кошаркарски сојуз – Прилеп
По иницијатива на Општинската конференција на ССРНМ-Прилеп, за формирање на општински кошаркарски клубови со крајна цел на создавање на Општинска кошаркарска лига, на 16 октомври 1979 година, иницијативниот одбор донесува одлука за формирање на Општинскитот кошаркарски сојуз – Прилеп, додека основачаката конференција е одржана на 19 октомври 1979 година.
ЗАПИСНИК
Од Оснивачката конференција на Општинскиот кошаркарски сојуз – Прилеп, одржана на 19 октомври 1979 година во спортска сала Македонија со почеток во 16.30 часот
Оснивачката конференција на ОКС ја отвори Претседателот на Иницијативниот одбор за формирање на Општински кошаркарски сојуз – Прилеп, Блаже Тодороски. Откако ги поздрави присутните гости и делегати меѓу кои Александар Варналиев – претседател на КСМ, Боро Челоски секретар на ОК на ССРНМ Прилеп, Димитар Мавцоски – претседател на СИЗ за физичка култура, Михајло Атанасоски – претседател на Општинскиот сојуз на организациите за физичка култура и други гости, го предложи дневниот ред кој беше доставен до делегатите и бидејќи немаше никакви дополненија истиот беше прифатен и Конференцијата работеше по следниот дневен ред:
1. Отворање на Конференцијата и избор на Работно претседателство
2. Конституирање на Конференцијата и избор на:
а) Записничар
б) Оверувачи на записникот
в) Верификациона комисија
г) Кандидациона комисија
3. Воведно излагање за потребата од формирање на ОКС и дискусија со посочување на смерници за работа.
4. Донесување Статут на ОКС.
5. Донесување Одлука за користење на Правилникот за регистрации на КСМ.
6. Донесување Правилник за натпреварување
7. Усвојување Календар за натпреварувањата во сезоната 1979/80 година
8. Донесување финансов план за изборниот период
9. Избор на:
а) Претседателство на ОКС и претседавачи
б) Одбор за самоуправна контрола
в) Дисциплински суд
г) Комисија за општествена самозаштита
По првата точка избор на работно претседателство Блаже Тодороски предложи работното претседателство да брои три члена што беше и прифатено од делегатите, а потоа за работно претседателство беа предложени: Василка Варошаноска, Кирил Јанчески и Блаже Тодороски, што беше едногласно усвоено.
По втората точка конституирање на Конференцијата за записничар беше предложен Диме Димков, за оверувачи на записникот Јане Џингоски и Зероски Сотир кој предлог беше едногласно прифатен.
Беше предложена верификациона комисија во состав Боцески Никола, Ристески Ристо и Стефаноски Најдо и предлогот беше прифатен едногласно.
За кандидациона комисија предложени беа:Тодороски Јане, Џингоски Јане и Христов Спиро.
И тој предлог беше прифатен од страна на делегатите на Конференцијата.
По третата точка:
Воведно излагање за потребата од формирање на ОКС поднесе Тодороски Блаже претседател на Иницијативниот одбор за формирање на ОКС.
Излагањето е составен прилог кон овој записник. Во продолжение на третата точка претседавачот Јанчески Кирил му даде збор на членовите од Верификационата комисија да поднесат извештај како би се верифицирал мандатот на делегатите.
Во име на Верификационата комисија извештај поднесе Боцески Никола.
Боцески Никола истакна дека од поканетите 43 делегати на Конференцијата се присутни 34 делегати па према тоа Конференцијата може да отпочне со работа, полноправно да одлучува и воедно предложи Конференцијата да го верифицира мандатот на делегатите.
Делегатите на Конференцијата го прифатија излагањето и предлогот на Верификационата комисија и едногласно го верифицираа мандатот на делегатите со што Конференцијата ја продолжи својата работа.
Продолжувајќи по третата точка со дискусија и посочување на смерници за работа, за дискусија се јавија следните делегати и гости:
- Самакоски Благоја:
Во своето излагање рече дека се радуваме и ја поздравуваме иницијативата за формирање на ОКС со што ќе се создадат услови за развој на кошаркарскиот спорт во нашата Општина.
Понатаму истакна дека треба организирано да се прифатат младите кои се заинтересирани да се занимаваат со кошарка. Исто така и КК “Гоце Делчев” ќе даде се од себе на младите, кои се заинтересирани за играње кошарка, да им се создадат подобри услови.
Самакоски во својата дискусија се осврна на работата на Кошаркарскиот регион – Југ со седиште во Битола и изрази големо незадоволство. се случуваат доста немили сцени, лажирања, местења и се друго што не е во прилог на развојот на кошарката и оди на штета на КК “Гоце Делчев”.
Предложи Кошаркарскиот сојуз со добра организација и активност да успее да го овој спорт во нашата Општина за што постојат идеални услови. Побара исто така Сојузот да се завземе да се преиспита работата на Регионот и сите нездрави односи да се надминат.
- Петрески Крсте претседател на Друштвото на педагозите по физичка култура:
Во своето излагање истакна дека има малку присутни од луѓето кои треба да го водат овој спорт во Општината, а тоа се наставниците по физичка култура. Истакна дека секоја година се спроведуваат мали олимписки игри и дека во тој поглед треба да се предвид соработката со Друштвото на педагозите по физичка култура.
- Варналиев Александар – претседател на КСМ:
Во својата дискусија го изрази своето задоволство што присуствува на оваа Конференција и ги пренесе желбите и поздравите за успешна работа на ОКС-Прилеп.
Во понатамошната дискусија рече:
– Треба посебно да се истакне во овој момент дека е задоволство да се присуствува на ваква Конференција, прва во Македонија која се заснова врз база на најновите промени кои се спроведуваат во нашата земја, а тоа е колективното раководење. Друго е тоа што сите членови се делегати на одредени клубови во месните заедници каде постојат клубовите, а тоа е базата за развиток на кошарката. Во овој спорт треба да се учествува што помасовно, а ние сме и обврзани со сите Партиски документи да се опфати што поголем број млади луѓе во кошарката.
Поставеноста на кошарката кај нас е врз два основа и тоа со масовно опфаќање на сите млади луѓе со цел за масовно спортување, рекреирање по месните заедници, училишта и работните колективи, а вториот начин со организирање по клубови, било тоа да се по училиштата, месни заедници, каде преку натпреварување се рекреира младиот човек.
Прилеп како град ги има сите услови за масовно играње кошарка, а тоа се двете спортски сали и повеќето асфалтирани терени, а тоа се елементарни услови за играње на кошарка. Сега би требало да се зафатиме со практична реализација на сите овие документи кои ќе се донесат околу организацијата на ОКС Прилеп. Колку повеќе се развива масовноста толку повеќе се развива квалитет от на кошарката.
Истакна дека наставниците по физичка култура треба да придонесат за развивање на кошарката, но нас ни се потребни стручњаци – организатори кои добро ќе ја организираат кошаркарската игра. Тие се сите елементи кои можат да ни помогнат да се организираме во овој почетен период, со цел да се даде потсрек за масовно спортување.
- Челоски Боро секретар на ОК на ССРНМ Прилеп:
Ги поздрави присутните Делегати и гости и ја нагласи благодарноста за формирање на ОКС Прилеп и смета дека кошарката е од оние спортови што облагородува. Базата е создадена но таа треба да се искористи од ОКС, а исто така да се опфатат Работничките и Селските спортски игри за помасовно и пошироко популаризирање на овој спорт.
Напомна дека ОКС е организиран врз принцип на колективно раков одење, што е широка акција во нашата земја и врската меѓу ОКС и ОК на СОРНМ Прилеп не би требала да престане. Тој рече дека многу помош дадоа и другарите од Републичкиот кошаркарски сојуз и претседателот на КСМ Александар Варналиев.
- Ристески Ристо:
Истакна дека нашиот град е навикнат да гледа квалитети и спортови, било тоа да е фудбал, ракомет, одбојка, кошарка.
Тој рече дека во досегашниот Регион Југ, се случуваат доста работи и уште пред почетокот на првенството се знае кој е првакот, па во такви услови не може да се работи и да се нешто повеќе. Изрази незадоволство на работата и постапките во Регионот- ЈУГ, со што е дојдено до нездрави односи и е оштетен КК “Гоце Делчев”.
-Мавцоски Димитар:
Смета дека со формирањето на ОКС, кошарката во Прилеп ке се развива со брзи чекори и дека постојат услови но треба организирано да се настапува и спроведува таа акција за што помасовно и поорганизирано играње на кошарка. Истакна дека ке се направат напори за да се обезбедат и средства за несметано да се реализираат поставените задачи.
-Самакоски Благоја:
Во својата повторна дискусија истакна дека основата на масовното спортување лежи во аматерското спортување. Toj смета дека во извршувањето на поставените задачи треба да се вклучиме на аматерска основа, а потоа да следуваат наградите, а не на прв план материјалната накнада.
- Тодороски Борче:
Истакна дека треба да се воспостави контакт меѓу Друштвото на педагозите по физичка култура и клубот и Сојузот, а потоа да се мисли на награда.
Тој напомна дека можеби е малку закаснето со формирање на ОКС. Одамна постојат натпревари во пионерска и младинска лига кои се услов за уште подобро подобро да се организираме, а потребен услов е добра организација на пионерска школа и се што е спомнато да се спроведе на дело преку добра организација.
-Боцески Никола:
Убаво е тоа што се формира ОКС бидејки за тоа постоеја услови од порано и предложи ОКС да се заложи седиштето на Регионот – Југ да се префрли во наредните две години во Прилеп бидејки за тоа постојат услови, а таква беше и одлуката на Конференцијата на КСМ, на секои две години седиштето да се менува.
Исто така предложи во колку има можности ОКС да покрене иницијатива до КСМ,а преку КСМ и до КСЈ да се организира некој квалитетен турнир или Балкански шампионат за што во Прилеп има идеални услови, а сето тоа во склад со календарот на КСМ и КСЈ.
-Јанчески Кирил:
Друштвото на педагозите по физичка култура, односно неговите членови треба да ангажираат во работата со клубовите во месните заедници каде нивната стручна помош ќе биде неопходна, што значи дека организаторските работи треба да ги вршат другите членови на клубовите. Исто така треба да биде тесна соработката на ОКС и Друштвото на стручно поле и во организирањето на кадетските и младинските натпревари.
Работата во Регионот – Југ не е на завидно ниво и треба некои работи да се надминат со цел да се стави работата во Регионот на здрави нозе.
Co тoa дискусијата по третата точка заврши.
По четвртата точка:
Јанчески Кирил даде објаснување напоменувајки дека Нацрт – статутот и неговите дополненија беа доставени со материјалите и тоа дека иницијативниот одбор сметаше да се дадат дополненија та на Статутот што се во склад со иницијативата на другарот Тито за колективно раководење и одговорност, па према тоа побара од делегатите доколку има некакви примедби и предлог за измени да се изјаснат.
Наумоски Кирил предложи да Статутот на ОКС во чл. 7 биде дополнет во ставот 3 – соработува со СИЗ за физичка култура и во членот 34 да се дефинира мандатот на секретарот т.е да се дополни „мандатот да трае две години и да нема право повторно да биде избран“.
Бидејки немаше други предлози и забелешки се премина на гласање и едногласно беше усвоен Статутот со предлозите што ги даде Наумоски Кирил.
Претседавачот на Конференцијата Јанчески Кирил предложи Конференцијата да донесе одлука Претседателството на ОКС да брои 15 членови што беше едногласно усвоено, па према тоа Претседателството ќе брои 15 членови.
По петтата точка за потребите од донесување Одлука за користење на Правилникот за регистрации на КСМ, делегатите се изјаснија едногласно за нејзиното донесување во предложената форма и текст.
По шестата точка:
Донесување правилник за натпреварување немаше забелешки и предлози за измени и дополнување, освен текстот да биде корегиран правописно, што беше усвоено и Правилникот за натпревари беше едногласно усвоен од страна на Конференцијата.
По седмата точка:
Календарот за натпреварување на ОКС беше усвоен co што термините за почеток на натпреварите да бидат поместени за еден месец, што беше едногласно усвоено.
По осмата точка:
Конференцијата едногласно го усвои финансовиот план.
По деветтата точка:
Тодороски Блаже ги замоли членовите на Кандидационата комисија да поднесат извештај односно предлог кандидациона листа за Претседателство на ОКС, претседавачи, секретар, Одбор за самоуправна контрола, дисциплински суд и Комисија за општествена самозаштита.
Христов Спире во името на Кандидационата комисија ја предложи следнава кандидациона листа за претседателство:
1. Димков Диме
2. Јаковоски Орде
3. Наумоски Кирил
4. Варошаноска Василка.
5. Ристески Војне
6. Христов Спире
7. Ристески Ристо
8. Грашески Кирил
9. Перески Кирил
10. Мирчески Данчо
11. Стефаноски Најдо
12. Тодороски Јане
13. Јанчески Кирил
14. Нанески Петар
15. Боцески Никола
Откако беше поднесена листата претседавачот на Конференцијата Блаже Тодороски побара од делегатите да се изјаснат за листата, дали има некои дополнувања и измени со што би можело да се утврди кандидационата листа.
Бидејќи немаше никакви дополнувања и забелешки листата едногласно беше утврдена.
Потоа се премина на гласање за избор на Претседателство на ОКС.
Предложените кандидати на кандидационата листа за Претседателство беа едногласно избрани. Потоа се премина на избор на претседавачи. Од страна на кандидационата комисија за Претседавачи беа предложени следните лица:
1. Јанчески Кирил
2. Тодороски Јане
3. Јаковоски Орде
4. Христов Спире
Предложените кандидати за Претседавачи беа едногласно избрани од делегатите на Конференцијата. За прв претседавач е избран Јанчески Кирил, а наредните претседавачи ќе се менуваат по предложената и усвоена листа на Конференцијата.
За секретар на ОКС беше предложен и едногласно избран Димков Диме.
Потоа беше предложена листата за:
а) Одбор за самоуправна контрола
1. Џингоски Јане
2. Николоски Марјан
3. Кедиоски Ацо
4. Нунеска Билјана
5. Карабелески Борис
б) Дисциплински суд
1. Јакимоски Живко
2. Самакоски Благоја
3. Ангелески Петар
в) Комисија за општествена самозаштита
1. Младеноски Гоце
2. Горгиоски Живко
3. Ѓорѓиоски Марјан
Делегатит е ги утврдија предложените листи без дополненија,едногласно.
Со гласање едногласно беа избрани спомнатите комисии.
Со тоа Конференцијата на Општинскиот кошаркарски сојуз ја заврши работата.
Прилеп, 19 октомври 1979 година
Коментирај