Комунална банка – Прилеп
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА 1963 ГОДИНА
Комуналната банка – Прилеп, основана е со решение на Народниот одбор на општина Прилеп, донесено на седница од 6 септември1956 година, а со работа отпочнува на 1 април 1957 година, по укинувањето на филијалата на Народната банка ФНРЈ, Прилеп, на 22 април 1961 година во Прилеп е повторно формирана филијала на Народната банка ФНРЈ – служба Општествено книговодство, при кое е извршена расподелба на кадарот и основните средства, со пренесување на платниот промет и општествената евиденција и извршувањето на буџетите на таа банка, согласно законот за банките и законот за кредититите и другите банкарски работи, како и законот за општественото книговодство.
На 1 јануари 1963 година се припојува и Комуналната банка на општината Долнени. По таков начин подрачјето на Комуналната банка Прилеп се прошири и на општините: Долнени, Кривогаштани, Тополчани и Мариово.
Со припојувањето на Комуналната банка – Долнени, на Комуналната банка – Прилеп се пронесуваат претежно кредити на стопански организации од областа на земјоделието
ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ
УПРАВЕН ОДБОР
До 24 март 1963 година членови на Управниот одбор се:
Председател: Димче Јованоски – Дабовски, директор на Тутунов Комбинат Прилеп,
Потпредседател: Благоја Словески, директор на фабрика “Партизан”, Прилеп.
Членови:
Марко Дамевски, потпредседател на општина Прилеп
Бранко Буштрески секретар на Трговска Комора – Прилеп
Мице Георгиоски, економист – Прилеп
Крсте Спасесски, комерцијалист на трговското претпријатие „НАМА “ – Прилеп
Илија Јаноски, директор на банката
Јован Николоски председател на советот на работниот колектив на банката
Со решение на општината Прилеп, бр, 1-1929/1 од 25 март 1963 година именуван е нов управен одбор (согласно новиот Статут на банката и промените со припојување на Комуналната банка на општината Долнени), кој го сочинуваат:
Председател: Марко Дамевски, директор на Ф-ка”Микрон” – Прилеп
Потпредседател: Рампо Атанасовски, директор на земјоделско претпријатие „Прогрес“ – Долнени
Членови:
Димче Јованоски, директро на Тутуновиот Комбинат – Прилеп
Димче Георгиоски, директор на Ф-ка „11 Октомври“
Благоја Славески, директор на Ф-ка „Партизан“
Мате Ристески, директор на Тутунското претпријатие „Борка Левата“
Целе Шереметковски, директор на трговското претпријатие „НАМА “ – Прилеп
Благоја Силјаноски, директор на ф-ка „Пролетер“
Јордан Јорданоски, економист при дрвниот комбинат „Црн Бор“
Бранко Богески, началник на одделенето за стопанство при Општинското собрание – Прилеп. Живко Георгиоски, агроном во земјоделското претпријатие „Прогрес“ – Долнени
Владо Јончерски, председател на општинското собрание – Кривогаштани
Петар Ристески, агроном при осигурителниот завод – Прилеп
Душко Караџоски, агроном при земјоделското стопанство „Пелагонија“ – Канатларци
Ристе Џајкоски, секретар Општина Мариово
Илија Јаноски, директор на банката
Марика Младеноска, председател на советот на работниот колектив на банката
КРЕДИТЕН ОДБОР ЗА ИНДУСТРИЈА И РУДАРСТВО
Претседател: Горгиоски Димче
Членови: Јордановски Јордан, Богески Бранко, Горгиоски Мице, Мирчески Мирко
КРЕДИТЕН ОДБОР ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ
Претседател: Атанасоски Рампо
Членови: Ристески Петар, Ристески Мате, Велјаноски Димче, Димески Миле
КРЕДИТЕН ОДБОР ЗА ОСТАНАТО
Претседател: Силјаноски Благоја
Членови: Шереметкоски Целе, Славески Благоја, Спиркоски Благоја, Благојевски Благоја
КОМИСИЈА ЗА ОДОБРУВАЊЕ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ
Претседател: Илиоска Косара
Членови: Карамфилоска Марија, Коруноска Захарија
Во текот на годината разгледани се решенија за кредитни барања:
Стопанска област |
Поднесени барања |
Сума |
Одобрени барања |
Сума |
Пролонгирани кредити |
Бр. |
Индустрија и руд. |
21 |
7.810.900 |
15 |
1.748.200 |
5.945.000 |
8 |
Земјоделие |
229 |
3.815.000 |
169 |
1.867.500 |
858.100 |
13 |
Шумарство |
2 |
47.500 |
2 |
35.000 |
- |
- |
Сообраќај |
4 |
98.000 |
1 |
13.000 |
57.700 |
4 |
Трговија и угост. |
32 |
855.000 |
16 |
196.400 |
655.400 |
19 |
Култура |
1 |
5.000 |
1 |
5.000 |
- |
- |
Занатство |
38 |
497.400 |
17 |
154.100 |
281.300 |
25 |
Останато |
8 |
57.000 |
7 |
38.000 |
19.000 |
1 |
Управниот одбор, како и кредитните одбори по банката при донесување на решенија по бараните кредити, се раководел од смерници, односно на кредитната политика дадена со општествениот план на СФРЈ за 1963 година, како и упатсвата за спроведување на таа политика донесени од Сојузниот секретар за финансии и Народната банка на Југославија.
КРЕДИТИРАЊЕ НА ИНДУСТРИЈАТА И РУДАРСТВОТО
Од вкупните кредити 80% се на Тутуновата индустрија, со оглед на залихите на тутун и закаснетата реализација, како и дадени кредити за откуп на тутун реколта 1963 година.
Овие кредити во 64 година уште ќе се зголемат, бидејки Тутуновиот комбинат треба да откупи околу 7 милиони килограми на тутун за реколта 1963 година.
Нешто од извезените тутуни за американската партија, Тутуновиот комбинат доби авонс на 29 декември 1963 година, со кој врати на банката од кредитот за залихи реколта 1962 година 950 милиони динари.
Индустријата за неметали, градежни материјали, Меремерен комбинат, ф-ка “Партизан”, “Рудар”) имаат 8% од кредитот на индус тријата, а останалите гранки 12% од кредитот.
Од сите претпријатија од оваа област, проблем претставува фабриката „Партизан“, која е преоптеретена со инвестиции, кои неможе да ги поднеси природата на нејзиното производство, поради кое и покажува загуби. Решавањето на загубите неможе да се реши на локална база.
КРЕДИТИРАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ И ШУМАРСТВО
Кредитирање на стопанските организации од областа на земјоделието, за нашата банка во минатата година не представува поголемо прашање, бидејки беше од мал обим, но со пропојувањето на Комуналната банка – Долнени, се прошири обимот на кредитирањето, така од вкупниот кредит од 107.000.000 динари, тој сега изнесува (за обртни средства) 2.461.100 динари. Бројот на кредитираните стопански организации се зголеми за 50, така да сите изнесуваат 67.
Проблемот на кредитирањето на овие организации беше во тоа, што 43 од нив по завршните сметки на 1962 година покажаа загуби, кои во текот на годината требале да се покријат, за да бидат кредитоспособни пред Банката.
Само сточарското претпријатие “Мариово” од с. Ивањевци, остана со непокриено загуба од 14.000.000 динари, поради кое му се откажани кредитите.
Повекето од стопанските организации од оваа област по 1963 година се преориентира на тутун, и ако реколтата е добра, тоа и резултатите ке бидат подобри, што ќе покажат завршните сметки за 1963 година.
Кредитирањето во главно е за тутунопроизводството, но со многу добрите условија за есенската сеидба, банката има дадено кредити за незиното изврување и за поголеми површни посеани под пченица. Досегашните изгледи за оваа култура се изванредно добри, доколку не настанат нови моменти, реколтата се очекува да биде добра.
Меѓутоа, по сите констатации на банчаните органи, во повеке земјоделски задруги недостасува организација и евиденција во работата и добиените резултати од работата. Во текот на годината одржани сe повеке советувања со општинските органи и укажано им е на свие недостатоци, за да се превземат мерки во нивното одстранување, за не се терети буџетот со плаќање на загуби или санации (покрај средствата на фондот за заеднички резерви во стопанството).
Кредити на шумарството се дадени на претпријатието во брзорасни тополи “Пелагонија”, Прилеп, кон кое во текот на 1962 година се припои со стопанството „Сандански“ – Прилеп,
КРЕДИТИРАЊЕ НА ТРАНСПОРТНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА
Кредитирањето на транспортните претпријатија Автотранспорт и Градски транспорт во Прилеп. И двете претпријатија во последниве години покажуваат пораст и стабилизација, но градскиот транспорт пати од застарелост на возниот парк и неможе да ги задоволи нараснатите потреби на градот и во иднина треба да се реши и тоа прашање, бидејќи и растоварната станица не е таква да трпи поголем транспорт и бара брза манипулација со товарењето и растоварењето на погоните.
КРЕДИТИРАЊЕ НА ТРГОВИЈА И УГОСТИТЕЛСТВО
Кредитот на трговијата и угостителството, со оглед на зголемениот обим на работа, не покажува зголемување во поголем обим. Ова се должи на порационално користење на средствата (кредитите), побрза манипулација, како и извршената интеграција, сметаме, дека има место за поголема интеграција и дека тоа може да придонесе уште за поекономично и поголемо работeње.
Кредитирањето на оваа област во текот на годината наиде на извесни тешкотии, кои во главно дојдуваа од кратните рокови на кредитите и од не снабденоста со трајни обртни средства.
Ние не го делиме мислењето, дека трајните обртни средства можат да бидат вложени во некурентни стоки и слично, бидејки тоа може да стане и со други средства. Постојат стандардни залихи на трговиски стоки, кои перманентно се менуваат, но сепак врзуваат по вредност поголеми средства, кои треба да бидат покриени со трајни обртни средства. Друго е прашање, дали треба на трговијата да се да даваат кредити за трајни обртни средства, поради природата на нивното враќање (во врска со поскапувањето на стоките), но сепак треба да имаат кредити со подолг рок на враќање, а не само до 3 месеци.
Дури трговијата покажува такви добри резултати и се модернизира, угостителството не може да се одречи од својот конзерватизам и не покажува видни знаци на културна услуга и премерна чистота.
КРЕДИТИРАЊЕ НА ЗАНАЕТЧИИТЕ
Кредитите од обртни средства на занаетчиските стопански организации во 1963 година покажуваат намалување со 10,5 милиони динари, меќутоа фактички има зголемување за 65.000.000 динари. Ваквата аномалија дојдува од таму што при крајот на годината едно занатчииско претпријатие се пререгистрира во индустрија (“Пролетер”) со кое се префрли и незиниот кредит од 75.500.000 динари од занаство во индустрија.
Зголемувањето на кредитот е на база поголеми потреби на занаетските организации, поради зголемениот обим на нивната работа.
ЗАГУБИ СО ЗАВРШНИ СМЕТКИ ЗА 1962 ГОДИНА
Покажаните загуби со завршните сметки на стопанските организации за 1962 година во главно се регулирани и како непокриени останаа загубата на фабриката „Партизан“, Прилеп, и сто- чарското претпријатие „Мариово“ с. Ивањевци.
Загуби покажаа 46 стопански организации од кои 42 од областа на земјоделието, во вкупен износ од 710.000.000 динари.
Загубата кај фабриката „Партизан“ со миналите години е доста поголема (570.000.000 динари), а покажаната горе е само за 1962 година. Покривањето на загубата не е можно да се изврши со средства на комуната, па затоа се превземаат мерки тоа да се регулира со помошта на републиката и Федерацијата и да се отклонат сите фактори, кои во фабриката делуваат да се создаваат секоја година загуби.
Загубата на сточарското претпријатие „Мариово“, Ивањевци, кое е погон на „Стокопромет“ од Скопје, од 14.000.000 динари до денеска не е регулирана, иако „Стокопромет“ располагаше со фондови и можеше тоа да го направи.
Коментирај