Коце Солунски е прозаист и поет. Роден е на 30 март 1922 година во Прилеп. Детството и младоста ги поминал во Прилеп. Учествувал во напредното работничко движење, поради што често бил прогонуван и апсен. Студирал во Школата за општествено-политички науки, а завршил и Филозофски факултет во Скопје.
Бил член на редакцијата на литературното списание „Стремеж“ од Прилеп. Член на ДПМ од 1961 година. Добитник е на наградите: „13 Ноември“, „1 Мај“, „4 Јули“.
Литературно творештво:
Трагите не се завеани (роман, 1960)
Втората македонска (повест, 1963)
Бунт и младост (портрети, 1965)
Мирче Ацев (романизирана биографија, 1968)
Божана (радио-драма, 1970)
Факелот (драма, 1971)
Кузман (романизирана биографија, 1973)
Трагите се завеваат (роман, 1983)
Бале (романизирана биографија, 1984)
Трагите на Раде Металец (романизирана биографија, 1984)
Михајло Апостолски (романизирана биографија, 1993)
Искри (поезија, 1998), Незаборав (поезија, 1998)
Коце Солунски почина во мај 2007 година.
Коментирај