1916: „Marko Kraljević“ - Издание на Матица Хрватска

Писанија за Крал Марко

Книги за Крал Марко

„Половината од градот Прилеп, која што е од другата страна на реката, близу до селото Варош, од кај што вее северот, во старо време, требало да биде град и со едно име. Тој град се викал Прилеп, бидејќи зад селото Варош има едно село што се вика Задград. Некои стари Прилепчани и Варошани, раскажуваат дека името на градот Прилеп потекнува од зборот „прилепено“ до Марково Кале, а во старо време во Варош имало  точно седумдесет и седум цркви.

Здравите  цркви, кои денеска се зачувани, се викаат: една „Свети Димитриј“, друга „Свети Никола“, трета  „Свети Петар“, четврта „Света Пречиста“ и петтата „Свети Арангел“. Некои  Варошани кажуваат дека црквите биле изградени од кралеви и банови, а најмногу од Марко Крале. Покрај тоа што тој имал  изградено  толку  цркви, во нив ниту во недела, ниту на празник не влегувал. Понекогаш ќе поминел качен на својот коњ покрај некоја црква и ќе го пуштел муздракот за да надени попот нафора, и право ќе појдел во некоја ладна меана да пие вино и ракија. Откако добро ќе се напиел, излегувал по патиштата и друмовите и ги пленувал царските азна. Многу пати пленувал пари и од сиромашни луѓе. Ете, од таквите сиромашни пари биле изградени тие цркви, а од сиромашните клетви не останале до век сите што биле подигнати. Диреците од црквите се урнати и престолите – сите биле од мермер. Сите се однесени на турските гробови кај гробиштата Крклари. На  многу камења имало натписи со кирилски букви. Но, повеќето турците ги исчукале да не се познаваат“.

Нема Коментари

Коментирај