1949: Женскиот КК „Гоце Делчев“, сликани на Калемегдан, на игралиштето на Црвена Звезда

КК „Гоце Делчев“

Кошаркарскиот клуб „Гоце Делчев“бил формиран на 7 март 1948 година. Со фузија на двете фискултурни друштва „Гоце Делчев“ и „Прилеп“.

За прв почесен претседател бил избран Лазо Чучуроски, а за претседатели биле избрани: Блаже Николоски, Ратка Петреска и Благоја Талески. За секретар бил избран Дарче Биџоски, а за организациски секретар Целе Стеваноски. За прв пат, КК „Гоце Делчев“ во машка конкуренција ќе настапи на Кошаркарското првенство на Македонија, на 7 и 8 август 1948 година во Битола.

1949 година
Женската кошаркарска екипа на „Гоце Делчев“, сликани на Калемегдан, на игралиштето на Црвена Звезда.
Драгица Антоска, Роза Стамболџиоска, Иванка Томеска, Ирина Топличанец, Добрила Спасеска, Магда Стеваноска и Бонка Чечоска.

Женската екипа на „Гоце Делчев“ во 1949 година биле најуспешни во Македонија, со што се пласирале да се натпреваруваат на Сојзуното првенство во Белград, како претставници на Македонија. На кошаркарското игралиште на Калемегдан се пласирале на претпоследното место. За КК „Гоце Делчев“ настапиле: Драгица Антоска, Роза Стамболџиоска, Иванка Томеска, Ирина Топличанец, Добрила Спасеска, Магда Стеваноска и Бонка Чечоска.

Во 1950 година, КК „Гоце Делчев“ го менува името во КК „Победа“. За претседател на новоименуваниот клуб бил Гога Крстески-Ѓуре, а секретар-благајник бил Дарче Биџоски.

1951 година
Кошаркарската екипа на КК „Гоце Делчев“ – „прва постава“ на кошаркарското игралиште на Градскиот стадион: Здравко Здравески, Кирил Каракашоски, Тошко Крстески, Димитар Петрески и Сашо Иваноски.
Јули 1951 година
Пред кошаркарскиот натпревар меѓу „А“ и „Б“ екипите на градскиот стадион. Судија: Боро Вртаноски. Играчи: Кирил Каракашоски, Петар Чесноски, Тошко Крстески, Илија Андоноски, Димитар Петрески, Кирил Пепељугоски, Здравко Здравески, Стеван Илиески – Бакалот, Тодор Жешкоски, Александар Иваноски и Трајко Димоски – Трајло.

Во 1951 година, формирана е Првата стандардна кошаркарска постава. Истата година, на Градскиот стадион бил одигран кошаркарски натпревар меѓу „А“ и „Б“ екипите. Судија на натпреварот бил Боро Вртаноски, а играле: Кирил Каракашоски, Петар Чесноски, Тошко Крстески, Илија Андоноски, Димитар Петрески, Кирил Пепељугоски, Здравко Здравески, Стеван Илиески – Бакалот, Тодор Жешкоски, Александар Иваноски и Трајко Димоски – Трајло.

Во периодот од 1967-1973 година, Прилеп останал без кошарка, заради целосно стагнирање на овој спорт. Во 1973 година, по иницијатива на Сојузот на организациите за физичка култура, повторно се формирал КК „Гоце Делчев“.Во сезоната 1976/77 година, клубот настапувал во Првата македонска кошаркарска лига.1973 година
КК „Гоце Делчев“ на игралиштето ДТВ „Партизан“.
Стојат: Б. Тодороски – тренер, Николоски, Цакиќ, Крстески, Конески, Варошаноски, Боцески – тренер.
Клечат: Кекелески, Самакоски, Ангелески, Атанасоски, Когој.

12 јуни 1976 година
КК „Гоце Делчев“ во ДТВ „Партизан“.
Стојат: Јакимоски, Ангелески, Колески, Димески, Николоски, Когој, Крстески, Зуљамоски;
Клечат: Јанчески, Кекелески, Чатлески, Ангелески, Алексоски, Чатлески, Атанасоски, Алексоски.

КК „Гоце Делчев“: Атанасоски, Ангелески, Цакиќ, Кекелески, Конески, Крстески, Варошаноски и Николоски.

Во 1979 година формиран е Општинскиот кошаркарски сојуз, а во 1980 година за прв пат стартувала и Општинската кошаркарска лига, во која учествувале екипите: Тризла, Крали Марко, Корзо, Бончејца, Ѓогдере, Центар, Вишне, Рид, Млекар и Младост.

За сезоната 1985/86 година, КК „Гоце Делчев“ повторно го променил името на клубот, овојпат благодарение на спознзорот во КК „Тутунски Комбинат“.

На 22 јули 1988 година, на основачкото собрание направена е фузија меѓу двата клубови – „Енергоинвест 11 октомври“ и „Тутунски Комбинат“, па формиран е еден клуб со името „11 октомври“, со што започнува создавањето на квалитетна кошаркарска екипа.

Нема Коментари

Коментирај