Киро Крстески (Платник, Кирката) е роден 1909 година во Прилеп.
Основното образование го завршил во Прилеп, како и четирикласна Гимназија. Иако одличен ученик, немајќи средства го прекинал школувањето, па се вработил во галантерискиот дуќан на татко му.
Имајќи темпераментен и нескротлив карактер, се пријавил на конкурсот од претпријатието „Бата Борово“, објавен во весникот „Политика“. Заминал на разговори во Борово и добил работно место – шеф на продавница во Качаник. Обвинет за политички активист, бил префрлен во продавницата во Царево Село (денешно Делчево). Во 1936 година ја напуштил работата.
Во Прилеп се вработил во мануфактурната продавница од зет за сестра. Во 1940 година бил затворен, по претходно извршена шпионажа. Киро бил затворен во Македонски Брод, каде што бил тепан и измачуван, така што не можел да стои на нозе од болки. Во 1941 година се приклучил на партизанското движење. Тој бил главниот организатор на акцијата кај селото Царевиќ. Во 1943 година учествувал во борбите кај Дебарца. Крајот на војната го дочекал со чин – мајор и началник на економското одделение при Главниот штаб на Македонија.
По војната бил прогонуван заради својот нагласен македонски патриотизам, па предвремено бил пензиониран. Починал на 21 јули 1965 година, по долго и тешко боледување.
Коментирај