12 ansichten von land und leute Mazedoniens (12 слики од земјата и луѓето од Македонија) е сет од 12 разгледници со мотиви од градовите Прилеп, Скопје и Велес, дел на колекцијата од www.oldprilep.com.
Сетот е печатен во Првата светска војна за потребите на војниците од 11-та германска армија кои војувале на Македонскиот фронт.
На корицата е запишан датумот 29 мај 1917 година, картичките се комплетни и не се пишувани, што не наведува да претпоставиме дека сопственикот сакал да ги зачува за спомен од годините кога престојувал во Македонија.
Голема благодарност до Günter Damaschke од Германија.
Коментирај