Калина Попадиноска

Калина Попадиноска

Калина Попадиноска е родена во Варош.
Активно учествува во одборите на организацијата Народна помош преку која Партијата развила широка политичка и мобилизаторска активност.
За време на окупацијата нејзината семејна куќа во Варош била врталиште на прогресивната младина во градот а била корестена и за прибирање на материјално – технички средства кои преку разни канали му биле испраќани на Народно ослободителното движење.

На 6 јули 1941 година учествува на големото партиско советување во близина на институтот за тутун каде што шчествуваат 50-60 младинци од градот.
Во приквечерјето на формирањето на првиот партизански одред на месноста Црвени стени, Калина Попадиноска учествува во пренесувањето на храна и оружје.
Во почетокот на 1942 година Калина Попадиноска пристапува во СКОЈ.
Во 1943 година заедно со Стеван Андреески, Маре Магероска и Мицко Трпкоски е активист во партиската келија во Варош под раководство на Илија Цветков – Попадинец, преку која се испраќаа нови борци во партизанските одреди.
Во 1944 година заминува како борец во 5-та Прилепска ударна бригада каде што е распоредена како комесар на 2-та чета.
Поради суровите услови во бригадата, тешко се разболува поради што со наредба од командата се враќа кај своите родители во Варош од каде што врши курирски задачи во градот.

Нема Коментари

Коментирај