НА ЛЕВА НОГА
СО ДИМЕ СТАНКОСКИ – ДЕБЕЛОТО
НЕ ДОЈДОВ ВО ДРАМСКИОТ ТЕАТАР ЗА ДА ГО ПРИЛЕПИЗИРАМ! – КАКО СЕ СТАРТУВА НА ГОЛЕМИОТ ПРЕДАВАТЕЛ НА РАДИО СКОПЈЕ. – АМБИЦИЈА; НАДЗБОРУВАЊЕ. – МНОГУ САКАВ, МНОГУ ЗАПОЧНАВ…
РЕЖИСЕР-ДЕБИТАНТ НА ПРАГОТ
КАКО ПЕЈАЧ МЕЃУ ГЛУВОНЕМИТЕ
Диме Станкоски ѝ припаѓа на најмладата генерација режисери – на 17 јануари во Драмскиот театар од Скопје ќе биде прикажана неговата дипломска претстава „Нажалена фамилија“ од Бранислав Нушиќ.
- Како се чувствуваш како режисер – дебитант?
- Понекогаш како на лева нога, а обично на десна, зашто сум левак. Многу сакав, многу започнав…
- Се пушти глас дека со твоето доаѓање, Драмскиот театар се прилепизирал.
- Подобро и тоа, одошто да се шаблонизира.
- Зошто се определи за „Нажалената фамилија“?
- Го имав предвид елементот на инаетот во нашиот менталитет – ако му презентраш нешто жално, обврзно очекувај да се смее. Ете, ако ништо друго, поради ова очекувам да има доста смеа на премиерата на „Нажалена фамилија“.
- Зошто те викаат Дебелото?
- Зошто е тешко за изговор – Сензибилното.
- Како што дознаваме, веќе си стартувал на големиот предавател на Радио Скопје.
- Редакцијата на радиодрамските емисии ми ја укажа довербата за реализација на „Земја и ТЕГОБА“ од Мето Јовановски.
- Како излегуваш на крај сo Димитар Гешоски и Ацо Јовановски?
- Кога се има предвид дека нивната заедничка телесна тежина одвај да е рамна на мојата, може да се претпостави колку сме рамноправни.
- Перо Глигоров воо продукција на Јоле Новаковиќ, имаше намера да реализира филм на тема „Дон Кихот”. Што гледаш ти во таа тема?
- Го гледам Ристе Стефановски paзмaвтaн меѓу бараките на Градското собрание, место меѓу ветрени мелници.
- Како се чувствуваш меѓy артистите?
- Како пејач меѓу глувонеми.
- Што ти е хоби?
- Да ве предизвикувам тебе и Гешо на молчење.
- А амбиција?
- Да ве надзборувам?
- И се надеваш дека ќе усneeш?
- Имам јас и тајно оружје – мојот колега од Академија Благоја Чорески (Волшебнии воз).
- Со оглед на тоа дека си левак, нашетто стандардно поледно прашање ќе го формулираме вака – иако си на десна нога речи нешто духовито или невозможно.
- Толку сум оптимист што се надевам дека татко ми Данчо од Прилеп, ќе ја догледа до крај мојата прва професионална премиера.
Бранко ВАРОШЛИЈА
(Објавено во „Екран“ – прилог за ТВ, филм, радио и естрада, год. II, бр. 7 од 2.I.1971)
Коментирај