Јордан Поп Костадинов бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација.
Јордан Поп Костадинов е роден во Прилеп, тогаш во Отоманската империја. Работел како учител и книжар. Заедно со Даме Груев, Александар Хаџи Панов и Јордан Гавазов го создале Прилепскиот ревоуционерен комитет на Македонската револуционерна организација во 1894 година. Долги години предводел терористичка група на Организацијата, па како таков е уапсен и лежел во Битолскиот затвор. Починал веднаш по излегувањето оттаму.
Коментирај