Орден „За храброст“ ІV степен.

Јордан Колчаков

Јордан Христов Колчаков е бугарски офицер, полковник, учесник в Српско-бугарската (1885), Балканската (1912–1913), Меѓусојузничката (1913) и Првата светска војна (1915–1918).

Јордан Колчаков е роден на 26 декември 1865 година во Прилеп. Во 1883 година се запишал во Военото училиште во Софија.

За време на Српско-бугарската војна во 1885 година служел во Првата чета од Вториот пешадиски струмски полк. Се истакнал во битките при селото Колуница на 3 ноември и Брезник на 6 ноември. Участвувал и во преземањето на Пирот на 14-15 ноември. За учаството во војната е награден со орден „За храброст“ ІV степен.

Во август 1884 година участвувал во превратот против кнезот Александар I Батенберг. Служел во Шестиот трновски и Вториот пешадиски искарски полк. Во 1904 година бил унапреден во мајор. Во 1910 година командувал со Триесеттиот пешадиски шејновски полк.

Нема Коментари

Коментирај