1986: Јашар Ахмедоски

„Откровението на Шабан Златодиск“ – Интервју со Јашар Ахмедоски

Интервју со Јашар Ахмедоски за магазинот „Сабор“

„Сaбор“
31 март 1986 година

ОТКРОВЕНИЕТО НА ШАБАН ЗЛАТОДИСК

Јашар Ахмедовски: „Шабан Шаулиќ ме пронајде во една сараевска кафана и од тогаш тој компонира за мене, присуствува на моите снимања и ги продуцира моите плочи“
 

Иако сеуште не наполнил 22 години, младиот пејач Јашар Ахмедовски е стар познаник на љубителите на новокомпонираната народна музика во целата земја. Неодамна го издаде и четврттиот албум по ред, со што не можат да се пофалат ни многу негови постари колеги. На разговорот со нас Јашар дојде со широка детска насмевка на лицето, подготвен, како што рече, со решение, но  под услов да не бараме да прозива било кој од припадниците на својата бранша, бидејќи не навикнал некого да го фаќа на пик.
Брзо го разубедивме дека неговото стравување е без причина и тргнавме со прашањата…

Odgovornite луѓе од „Југодиск“ не кријат дека сте нивни миленик. Дали и самите се чувствувате така?

- Да баш така. Од својата 18та година, значи од почетокот на својата кариера сум во „Југодиск“. Ме сакаат како син, другар и соработник, и таму се чувствувам како дома.

Дали некогаш сте почувствувале љубомора од страна на некои „запоставени“ колеги

- За сега тоа не го забележувам, а и право да ви кажам, тоа не ме интересира. Пред се, секоја птица пее со свој глас, зарем не?

Сепак, некои малади пејачи, кои не се прославиле во „Југодиск“, зборуваат дека биле принудени да заминат, бидејќи забележале дека на нивна штета, вас ве форсирале.


- Знаете што: Секоја фирма, во било која струка, што е и логично, вложува во добра роба, а изгледа дека и јас спаѓам во таа категорија. А тие кои се жалат, подобро би им било да се ориентираат на квалитетот на нивното пеење, за да не би биле во ситуација да кукаат. Можеби и тие би биле миленици на издавачката куќа и не би морале да се вадат со други.
Јас не сум човек кој има обичај некого да го попречувам, и јас сум млад и знам дека не е лесно да се најде свое место под естрадното сонце, но сепак треба да се бори за својот статус.

Значи ли тоа дека ни вас не ви беше лесно на самиот почеток?

- Кога ја започнав својата пејачка кариера, ни мене некои поединци не ме гледаа баш благонаклоно. Со својата работа и резултати (тиражите на плочи) стекнав доверба, и да не беше така, јас не би бил тука каде што сум сега.

Главна пеачка ѕвезда на „Југодиск“ е Шабан Шаулиќ, а истовремено тој е и музички уредник. Колку што знаеме, тој е на вашите плочи застапен и како композитор и продуцент, а многумина велат дека тој ве смета за негов наследник и дека тој факт во многу работи ви помогнал да станете ѕвезда.

- Јас сум Шабановото пејачко откровение (сакаше да речи откритие), тој пред извесно време ме пронајде во една сараевска кафана и логично е дека ме цени. Од тогаш тој компонира за мене, присуствува на моите снимања и ги продуцира моите плочи, и тоа е се. Би ја истакнал и улогата на композиторот Раде Вучковиќ, кој во соработка со Шабан Шаулиќ успеа да ми го пронајде „пејачкиот мирис“.

Возите BMW. Значи не можете да се пожалите ни на финансискиот ефект од својата работа?

- Искрено да ви кажам, автомобилот ми е единствен недвижен имот кој го поседувам. Тој е голема потреба за пејачите, бидејќи сме во постојан притисок со времето. Освен тоа, сум млад, сакам да излегувам со друштво, да поседам…

Иако припаѓате на фолк-таборот, посетувате ли дискотеки?

- Кога и да имам слободно време. Тоа подразбира дека сакам и рок-музика, и воопшто сите видови на музика. Можеби ќе ви звучи неверојатно, но народната музика ја слушам најретко. Сакам да сум во тек со музичките случувања, без врска на жанрот.

Некои од вашите колеги ѕвезди сметаат дека е најдобро за популарен пејач да се ожени и да оформи семејство, како би бил психички стабилен, како што е случај со фудбалерите?

- Рано е за мене да се решам за такво нешто. Па уште немам ни 22 години. не сакам да направам нешто без план и непромислено.

Т.Б

Голема благодарност до Ристески Горан

Нема Коментари

Коментирај