2012: Петар Муличкоски

Петар Муличкоски

Петар Муличкоски е роден на 2 март 1929 година во Прилеп, каде што завршил основно и средно образование во 1948 година. Студирал архитектура на Техничкиот факултет во Љубљана во периодот од 1949 до 1957 година, во класата на професор Едо Равникар.

Во 1959 година бил избран за редовен асистент на Техничкиот факултет во Скопје. Во 1967 година со хабилитација бил избран за доцент, а во 1978 година бил избран за редовен професор на истиот факултет. Како професор, држел настава во сите области на научниот урбанизам, по дисциплини: Урбани елементи и техника на урбанизам, Уредување и обликување на градовите и населените места, Урбана реконструкција и обнова на градовите и другите населени места.

Неговата теоретска подлога е поврзана со континуирано усовршување, прво во семинарската работа во класата на проф. Едо Равникар, потоа специјализацијата за Регионално просторно планирање на Калифорнискиот универзитет во Беркли во 1964 година и универзитетот Харвард во Масачусетс во 1965, во студиото на Френк Лојд Рајт во Талиесин Вест – Аризона, а таа година и во школата на Мис Ван дер Рое во Чикаго – Институтот за Технологија во Илиноис, потоа студиото на Чарлс Имс во Чикаго.

Своето усовршување го надополнил со стручни престои во Шведска, Данска, Швајцарија, Италија и Грција, проучувајќи актуелни проблеми поврзани со неговиот професионален интерес. На тој начин неговата натамошна професионална практика е ретко збогатена, а за своето дејствување е добитник на јавни, општествени и професионални признанија, меѓу кои и „Повелба за животно дело со името на Андреја Дамјанов – 1995 год. (за заслуги во градењето на редот и за извонредност во македонската архитектура). За широката публика во светот тој е репрезент на нашата архитектура во многу списанија и енциклопедии. Добитник е на десетици награди за своите проекти.

Во 2000 година ја издал книгата „Духот на Македонската куќа“.

Изведени објекти:

Палата на управа, кејот на реката Вардар во Скопје (порано зграда на ЦК СКМ, денес Влада на Република Македонија) – Скопје, 1970 година.
Народна и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, 1971 година.
Деловна зграда на „Симпо“ во Врање – Србија, 1975 година.
Спомен-костурница во Кавадарци, 1974 година.
Нова банка во Кавадарци -1974 година.
Куќа за одмор во Маврово -1980 година.
Судска палата во Кавадарци – во изградба.
Културен дом во Кавадарци – во изградба.
Градска куќа „Чаир“ во Скопје – во изградба.

„ПЕТ ИДЕИ ЗА НОВИОТ ЛИК НА ВЛАДАТА“

На кон­кур­сот за об­но­ва на фа­са­да­та на об­је­ктот на Вла­да­та при­ја­ве­ни се пет тру­до­ви, а за де­се­ти­на де­на, ко­ми­си­ја­та тре­ба да до­несе одлу­ка за тоа чие идеј­но ре­ше­ние од при­ја­ве­ни­те ќе би­де ре­пер за „фејс­ли­фтин­гот“ на об­је­ктот из­гра­ден во се­дум­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век и за кој не­го­ви­от автор, ар­хи­те­ктот Пе­тар Му­лич­ко­ски, сме­та де­ка тре­ба да би­де за­шти­тен ка­ко нас­ледс­тво.
Му­лич­ков­ски од­бил да учес­тву­вал на кон­кур­сот и не при­фа­ќа ка­ква би­ло ин­тер­вен­ци­ја, без тој да би­де ин­вол­ви­ран или да да­де сог­лас­ност за про­е­ктот. Ра­зо­ча­ран од на­чи­нот на кој се тре­ти­ра не­го­во­то де­ло, тој нај­а­ви де­ка не­ма лес­но да се истур­ка иде­ја­та за об­но­ва на фа­са­да­та, без да се ис­по­чи­ту­ва­ат и га­ран­ти­ра­ат не­го­ви­те пра­ва ка­ко автор.

- Згра­да­та не е сопс­тве­ност на Вла­да­та, ту­ку на на­ро­дот. Јас не учес­тву­вав на кон­кур­сот, би­деј­ќи на­ме­сто др­жа­ва­та да ме за­шти­ти, ги не­ги­ра мо­и­те автор­ски пра­ва. Не мо­же ту­ку-та­ка лес­но да се сме­ни изг­ле­дот на фа­са­да­та без мо­ја сог­лас­ност. Тре­ба­ше јас да по­ну­дам идеј­но ре­ше­ние, за што нај­пр­во до­бив и ус­на сог­лас­ност, но по­тоа над­леж­ни­те се пре­мис­ли­ја. Се сом­не­вам де­ка во игра се чуд­ни ра­бо­ти. Ка­ко мо­же 40 го­ди­ни тол­ку да се за­по­ста­ви одр­жу­ва­ње­то на згра­да­та, а се об­но­ви­ле са­мо са­ни­тар­ни­те јаз­ли – се пра­шу­ва Му­лич­ков­ски.

Од вла­ди­на­та служ­ба за оп­шти и за­ед­нич­ки ра­бо­ти не да­ва­ат ин­фор­ма­ци­ја да­ли на кон­кур­сот, освен до­маш­ни, свои ар­хи­те­ктон­ски ре­ше­ни­ја по­ну­ди­ле и стран­ски авто­ри. Во слу­чај ко­ми­си­ја­та да не из­бе­ре ни­ту еден од по­ну­де­ни­те тру­до­ви, кон­кур­сот ќе се по­вто­ри, а до­кол­ку сѐ по­ми­не во ред, нај­доц­на до по­че­то­кот на ле­то­то, фа­са­да­та на Вла­да­та ќе поч­не да се ме­ну­ва.

Да­ли об­но­ва­та и на овој об­јект ќе би­де во сти­лот на но­во­то ба­рок­но Скоп­је, не мо­же да се по­твр­ди, би­деј­ќи авто­ри­те на кон­кур­сот не беа об­вр­за­ни фа­са­да­та да ја при­ка­жат во точ­но опре­де­лен ар­хи­те­ктон­ски стил.

Објавено во „Фокус“ на 4 јануари 2012 година

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc