1976: ОРА „Мариово“

ОРА „Мариово“ 1976/79 година

Младинска работна акција „Мариово“ 1976/79 година

Во Македонија, до летото 1976 година, веќе 10 години не била организирана младинска акција од федерален карактер. Имајќи ги предвид желбите и интересите на младите, како и непроценливо значење на младинската доброволна работа, на 1 април 1976 година, на денот на младинските работни акции, претседателството на републичката конференција на Сојузот на социјалистичката младина на Македонија на најдобар можен начин го обележила 30-годишниот јубилеј на заеднички работни активности во Југославија. На свечената седница, што се одржала по тој повод во Скопје, донесена е одлуката за младинска акција за изградба на патот Прилеп – Витолиште на која ќе учествуват младинци од цела Југославија.

По тој повод биле формирани 16 младински бригади, а во близина на Старо Лагово била изградена младинската населба „11ти Октомври“. Во младинската населба први пристигнале бригадирите на ОРБ „Гојко Ујдуровиќ“ од Плоче (Хрватска).

РАБОТНИ БРИГАДИ:

I Смена
- ОРБ „Мите Богоевски“ – Ресен
- ОРБ „Бракно Бајиќ“ – Инѓија
- ОРБ „Христијан Тодоровски-Карпош“ – Куманово
- ОРБ „Гојко Ујдуровиќ“ – Плоче
- ОРБ „Славко Стојменски“ – Штип

II Смена
- ОРБ „Ангел Винички“ – Виница
- ОРБ „Вељко Влаховиќ“ – Качаник
- ОРБ „Нонча Камишова“ – Титов Велес
- ОРБ „Иво Лола Рибар“ – Грочка
- ОРБ „Злетовски рудари“ – Пробиштип
- ОРБ „25ти конгрес за КРСС“ – Москва, СССР

III Смена
- ОРБ „Коце Металец“ – Скопје
- ОРБ „Братство на Единство“ – Дебар
- ОРБ „Браќа Рибар“ – Загреб
- ОРБ „Лука Спасојевиќ” – Љиг
- ОРБ „Шест факели” – Средно Училиште за внатрешни работи во СФРЈ

По завршувањето на акцијата, биле сумирани резултатите, при што бригадирите оствариле 84.212 ефективни работни часови и 95.585 норма часови. Просечното остварување на нормата во трите смени било 147,8%. Бригадирите изработиле 33.046 метри квадратни косини, 10.130 метри банкини, ископале 2.758 кубици канавки и избушиле 1.939 метри мински дупки.

Во текот на акцијата биле објавени вкупно 187 бригадни билтени и 232 ѕидни и фото-весници. Во населбата, во градот и околните села, бригадирите приредиле 165 културно-уметнички програми, а 434 бригадири ги посетувале и со успех ги завршиле курсевите за обука на возачи, прва помош, за радио, фото и кино аматери, а исто така биле организирани 544 натпревари во 11 спортски дисциплини.

ПОСТОТ Е ВО ИЗРАБОТКА…

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc