Иван Атески - Кекеле

Прилепски фудбалски легенди: Иван Атески – Кекеле

Иван Атески – Кекеле

Мајстор за „отпадоци“

На 17 годишна возраст, беше еден од најдобрите играчи во навалата на Победа, Односно најнадежниот во подмладокот.
За неполна година станува стандарден првотимец, и во екипата на Победа настапува главно на местото центарфор. Се до 1958 година е незаменлив во екипата, со повремено апстинирање поради лични причини и поради изречена казна.
Со необичен темперамент, иако релативно со слаби физички диспозиции, беше еден од ретките Фудбалери кои што умееја и најнезначителната шанса да ја искористат, играјќи по правило секојпат на ист начин: не постои загубена топка, а приоритетно е во фудбалот да се биде настојчив додека тоа просторот, противникот и времето го обезбедуваат.
Извесен период настапуваше и за екипата на ФК Прилеп, каде што беше еден од најдобрите играчи во навалата, еден од ретките реализатори.
Во 1954 година игра во најдобра форма.
Во 1970 година на 38 годишна возраст во сообрајќајна несреќа, го загубува животот.

Нема Коментари

Коментирај