Предилницата во текстилната индустрија „Билјана“.

Текстилна индустрија „Билјана“

Текстилна индустрија „Билјана“

Текстилната индустрија „Билјана“ најпрво била основана како фабрика за памучно предиво и ткајачница. Со проектот за нејзина изградба биле предвидени 2.825.797.000 динари во 1960 година.

По 12 години работа, текстилната индустрија „Билјана“ израснала во носител на текстилната индустрија, не само во Македонија, туку и пошироко. Покрај основната дејност – чешлана и кардирана преѓа, во рамките на оваа фабрика постоел погон за производство и на хигиенски влошки.

Почетоците на ТИ „Билјана“, како организација на здружен труд, биле прилично скромни: само 400 вработени и 2000 вретена.
Во 1966 година бројот на вработени изнесувал 464 кои работеле на 27 000 вретена.
Со текот на годините бројот на вработените неколкукратно се зголемил, а бројот на вретената изнесувал дури 73000.

Повеќе од 70% од вработените во ТИ „Билјана“ биле жени, а просечната старост изнесувала околу 24 години, што своевремено претставувало гаранција за обезбедување на висока продуктивност.

Во септември 2004 година, собранието на доверилителите на АД „Билјана“, преку отворен повик вршат продажба на стечајната „Билјана Ватара“.
Единствениот понудувач, „Дреник-М“ од Белград ја купува „Билјана Ватара“ за 110.000 евра и наредната година вработува 40 работници и го рестартира погонот за производство на медицинска вата.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc