Модна конфекција „Солидност“.

Модна конфекција „Солидност“

Модна конфекција „Солидност“ своето „раѓање“ го забележа во 1959 година, како мала занаетчиска работилница, со само 42 вработени. Во растот, до 1977 година, „Солидност“ постигна извонредни работни успеси. Во тој период израсна во реномирана и афирмирана организација од областа на својата дејност.

Во 1977 година биле вработени над 530 вработени, а среднорочниот план за развој на организацијата до 1980 година предвидувал да се реализира поголем пораст на производството и продуктивноста на трудот, како и значително зголемување на извозот.

Посебно за одбележување во оваа работна организација било тоа што, најголем дел од инвестициите за проширување на обемот на дејноста ги обезбедувале самите вработени. На таков начин бил обезбедуван стабилен и успешен развој, бил постигнат повисок животен стандард на вработените, како и поголема афирмација на домашниот и странскиот пазар.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc