Фабрика за термоизолациони производи „Партизан“.

Фабрика за термоизолациони производи „Партизан“

Фабрика за термоизолациони производи „Партизан“

Фабриката за термоизолациони производи „Партизан“ своевремено претставувала најголем индустриски објект од областа на неметалната индустрија, за чија изградба биле инвестирани 2 милијарди динари.

Фабриката ја сочинувале три главни погони, и тоа: два индустриски и еден рударски. Индустрискиот дел го сочинувале погоните за термоизолациона опека и погонот за сепарациони прашкасти материјали. Физичкиот обем на производството бил 4.000 тони годишно термоизолациона опека и 10.000 тони годишно сепарациони прашкасти материјали.

Рударскиот погон го сочинувале рудниците на дијтомејска земја во областа на Мариово. Фабриката, заедно со рудниците, во првите години вработиле 400 лица. Изградбата на првиот погон бил завршен при крајот на 1957, а вториот погон во 1958 година.

Подоцна, кон фабриката била присоединета и новата сепарација за фелдспад, за која биле вложени 478 милиони динари.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc