ОСТ „Црвени стени“ на саем...

„Црвени стени“

„Црвени стени“

Претпријатието за производство на алкохолни и безалкохолни пијалоци „Црвени стени“ е основано во 1951 година, при што биле инвестирани 44.058.169 динари.

Ако физичкиот обем на производството во 1954 година бил означен со индекс 100, тогаш индексот во 1957 година изнесувал 186,6, при што бруто производството изнесувало 135.000.000 динари годишно. Во претпријатието во 1958 година биле вработени 86 прилепчани. Истата година била предвидена реконструкција на претпријатието, при што биле одобрени 90.000.000 динари. Со овие средства била планирана изградба на винарски подрум и шпиритана.

Подоцна „Црвени стени“ е влезена во состав на Прилепската пиварница.

2 коментари

  • Арсоски January 16, 2017

    Статијата не ви најточна, треба историјата точно да се презентира, а не делови како на некој му одговараат. Претпријатието Црвени стени е основано од фамилијата Арсоски (Илија и Крсте Арсоски). Едниот го водел делот за производство на сокови а другиот производството на вино кои се продавале и во нивните бакалници потоа национализирани (бакалниците дадени под Центро а винарата и сокарата прво национализирани а потоа влезени во состав на Прилепска пиварница).

    Respond
    • PSF January 16, 2017

      Ви благодариме за податоците…
      Секоја добронамерна критика е добредојдена.
      Ние ги презентираме информациите онака како што ќе ги пронајдеме по пишаните документи, по кажувањата на непосредните сведоци, учесници или сл. на некој настан и др..
      Затоа ве покануваме да придонесете со свои забелешки, податоци, фотографски материјал или документација за збогатување на овој или кој било пост на oldprilep.com
      Поздрав

      Respond

Коментирај

© 2011/12 dbmc