Старите рекле: „Кажи ми од каде си, ќе ти кажам каков си“. Грозјето во себе ја носи испишана почвата од која е никнато и поднебјето под кое е растено. Тоа е душата на виното. Ги обединува елементите на природата, но и мудроста, духот и знаењето на оние кое го одгледувале, од памтивек до денес.
Виното е налик на човекот: никогаш не се знае до која мерка можеме да го цениме или да го презираме, ниту за колку прекрасни потези и чудовишни злосторства е способно…
Прилепчани од памтивек се познати како љубители на добрата капка, боемштината, кафанскиот муабет… Колку „тешки одлуки“ се донесени на добра софра, накитена со рујно вино, точено пиво, јака ракија… Во оваа галерија да се потсетиме на незаборавните моменти на прилепскиот боемштилак, зашто виното е често користен мотив во уметноста, во музиката и поезијата…
Коментирај