„Кажувањата од стрико Ордан“

Илија Поповски – Мариовецот

Илија Поповски – Мариовецот е роден на 14 јануари 1926 година во Витолиште, каде што завршил и основно образование. Потоа се школувал во Прилеп, Крушевац и Белград. Завршил Виша воена геодетска школа.

По завршувањето на НОБ, работел во ЈНА, од каде што се пензионирал во чин потполковник.

Долго време живеел во Белград, а потоа и во Љубљана, каде што и починал во 1998 година. Бил долгогодишен соработник на хумористично-сатиричните весници „Јеж“ и „Остен“.

Објавил над 1000 хумористични текстови, а некои од нив и се наградени со меѓународни признанија и премии во Москва, Софија, Белград, Љубљана, Букурешт, Будимпешта, Варшава… Дел од тие текстови се наоѓаат во неговите книги издадени на српски и хрватски јазик, како и во книгата „Кажувањата од стрико Ордан“, објавена на македонски јазик.

Пишувал и радио комедии, од кои најголемиот број биле изведувани на програмата на „Радио Белград“.

Објавувал и под псевдонимите „Илмор“ и „Едрејко“.

Автор е на книгите „Голобрада дестина“, „Приказни од војничката творба“, „Кажувањата од стрико Ордан“.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc