ТРЕБА ПОСТОЈАНО ДА СЕ ДОКАЖУВАШ
20 ноември 1973 година
„Екран“
Разговорот со Илија Џувалекоски го започнавме како што е редот – со честитка за наградата „11 Октомври“ доделена за остварената улога на Крал Лир во истоимената драма од Шекспир, како гостин на сцената на МНТ.
- Ова е Мојата прва награда овде, во мојата Република. На југословенско ниво сум добил повеќе …
-Тогаш мораме да ве прашаме како се чувствувате?
- Прилично возбуден.
-Да побараме оправдување за тоа што досега не сте добиле награда овде – во отсутноста? Долго бевте во Загреб.
- Да. Но тука сум уште од првите денови на театарот и не бев отсутен ЗО години. Но, така е тоа. Некогаш со задоцнувањее ќе дојде нешто. Кај некои наградите доцнат можеби уште повеќе. Не мислам само на луѓето од мојата професија.
-Претставата „Крал Лир“, беше на репертоар минатата сезона, и тогаш се очекуваше да ја добиете наградата…
- Да го оставиме тоа…
-Ќе биде ли „Крал Лир“ и оваа сезона на репертоарот?
- Не знам. Јас би сакал да играм. Таа претстава не е гледана. Ни едно училиште не ја гледаше. Но, јас ќе бидам отсутен два месеца. Одам на студиски престој во Москва, на театарската академија ГИТИС.
КВАЛИТЕТ
-Откога се вративте од Загреб, а тоа е околу две години, вие бевте ангажиран само за две улоги. Во „Крал Лир“ и во претставата „Хамлет од Долно Гаштани“. Би можело ли да се каже дека публиката е оштетена затоа што немаше можност да ве гледа?
- По мое мислење артистот треба да игра повеќе. Но, не е во прашање само бројот на улогите. Може некого да го гледаат во десет улоги, а да биде лош. А некој да има една улога, а да биде добар. Загубата не е во квалитетот. Освен тоа, јас сум ангажиран на академијата. Тоа е моето главно работно место. И една, максимум две улоги годишно, мн се чини се предоволно.
-Сепак, зарем не би требало театрите повеќе да ги искористат повредните артисти, докажани како уметници, било овде или уште повеќе надвор од оваа средина?
- Јас мислам дека ова прашање, полека, полека само од себе ќе се реши. Мислам дека самите театри ќе се борат за добри претстави воопшто, зашто публиката треба да се врати в театар. По мое мислење за тоа има услови. А со тоа се јавува потребата секој оној што работи добро, па било тоа да е артист, или оној што ја крева завесата, треба да биде квалитет.
ПРЕОКУПАЦИЈА
-Некој би помислил дека вие треба, полека, повторно да се докажувате како квалитет?
- Не, јас не мислам на себе. Но, ако се земе предвид она што го кажав погоре за моето ангажирање и в театар и на академијата… И ова за борбата за добри претстави… тогаш е јасно. Јас ви објаснив. Да не се враќаме назад. Сепак, управите на театрите треба да водат сметка за оние што работат добро …
-А дали, според вас, театрите водат доволно сметка за младите, за оние кон сега доаѓаат од академиите?
- Не знам. Не би можел да дадам прецизен одговор. Веројатно водат. Оние што завршиле академија откога ќе се најдат на сцена го покажуваат она што го научиле. На младите треба да им се даде можност, прилика. Мислам дека сега имаме доста млад кадар. Мислам дека младите се добри. Верувам дека се добри.
-Што се слуша за младнте артисти кои завршија во вашата класа во Загреб? Дали се тие добри?
- Тоа другите нека кажат.
-Многу ве окупира работата во Високата музичка школа, односно на академијата, како што ја викаме обично?
- Па, јас реков дека тоа е сега моја прва професија.
-Но, дали е и единствената внатрешна преокупација? Рековме дека не сте многу ангажиран како артист…
- Професијата со време станува страст. Кога еден млад студент игра добро, тоа е заслуга и на неговиот професор. Како тој да игра. Така е уште подобро. Артистот сам не може да види како остварува една улога, а може да види како истата ја игра неговиот ученик. Да оцени.
ДОКАЖУВАЊЕ
-Вашата класа на Високата музичка школа, Оддел за глума, сега е на втора година. По првата година имаше испитна претстава на која присуствуваше и публика. Студенти од вашата класа настапија и на Театарските игри во Прилеп и на Балкаискиот фолклорен фестивал во Охрид. Според тоа, може да се зборува за реакциите на оние што ги гледаа. Дали нмаше пофални зборови за професорот? Или -постои ли некаква потреба за докажување и како педагог?
- Не знам дали имаше пофални зборови за професорот. Драго ми беше што на испитната претстава имаше многу колеги артисти, и тие беа многу задоволни од она што го видоа. А за докажувањето? Треба да ви е јасно дека во нашава работа, без разлика дали некој бил постојано присутен во една средина или отсутен, треба постојано докажување. Артист кој не мисли така, дека постојано треба да се докажува, веќе е готов. Нашата работа е живот. А животот секој ден е нов, и тие новини бараат непрестајно докажување. Било како артист, било како педагог. А особено како педагог, кога се работи за таков вид работа каква што е нашата. Секој студент не е ист. Тука станува збор и за психологија. Мора, пред се, да се бара контакт меѓу наставникот и студентот, и тоа е вечно барање.
-Да се вратиме на вашата работа надвор од академијата. Вие сте малку ангажиран и на телевизија?
- Сега играм во емисијата за деца „ТВ Ребус“ која мене многу ми се допаѓа. Не ме поканија да учествувам во хумористичната серија што сега се емитува, а и јас бев миогу ангажиран. За учество во неколку тв драми имам доста разговори со некои млади режисери, но тоа не е ништо конкретно. Јас прилично се плашам да работам за телевизијата, бидејќи телевизијата е моќеи, но и опасен медиум.
БРАДА
-Како стојат работите со филмот? Наскоро треба да почне работата на неколку филмски екипи. Веќе постои шега дека половина од артистите низ Републиката оставија да им растат бради заради филмот на Кирил Ценевски „Покој, р’ци, јад“ .Вие немате брада.
- Јас ќе играм во филмот. Со брада, и тоа многу голема. Иако немам брада – приватно. Мојата улога во филмот не е главна, средна е, но функционална. Веќе имам потпишано договор. А како што ми рече режисерот, на последниот разговор,улогата ќе има проширување, и тоа значајно. Што значи во отсутноста, сепак, ќе има и присутност.
За ангажманите на Џувалекоски во оваа театарска сезона не зборувавме. Тој е моментно преокупиран со патот во Москва, и крајот на разговорот беше за тоа, за она што планира да го види и направи таму.
Н. ПЕЈОВСКА
Благодарност до Ристески Горан за отстапениот материјал
Коментирај