Иле Ристески...

Иле Ристески

Кик боксерот Иле Ристески е роден на 20 јули 1984 година во Прилеп.

Во 1996 година го освојува првиот бронзен медал на младите олимписки игри во Москва.

Во 2004 година на Светското јуниорско првенство во Будва го освојува среброто.

Во 2005 година на Европското првенство го освојува третото место.

Во 2006 година на Светскиот куп во кик бокс во италијанскиот град Пјаченца се закити со сребрениот медал.

Во 2007 година на Светско првенство во Белград Иле Ристевски во дисциплината К1 до 75 кг ја освои бронзата.

Во 2007 година од страна на Кик-бокс федерацијата на Македонија е прогласен за најдобриот спортист на годината.

Во 2008 година на светското првенство по Тајландски бокс во Бургас, Бугарија го освојува бронзениот медал во категоријата до 75 килограми.

Во 2009 година освојува сребрен медал на Светскиот куп во Сараево, петто место на Светското тимско првенство во Бургас, победник е во двомечот меѓу Македонија – Црна Гора и носител на бронзен медал од Светското првенство во Вилаз, Австрија.

Во 2010 година на Светскиот куп во лоу-кик одржан во Тешањ, БИХ го освојува златниот медал каде што е прогласен и за најдобар борец.

2 коментари

  • Stefan May 8, 2013

    Dobar borec!

    Respond
  • B.Bogeski June 23, 2013

    Samo napre i se postrogi treninzi,napre za K1.

    P.Z

    Respond

Коментирај