31 октомври 1904: 5 германски марки, Берлин, серија „F“, сериски број со 6 цифри

Прилепска Нотафилија – бонистика

ПРИЛЕПСКА НОТАФИЛИЈА И БОНИСТИКА


Во оваа галерија поместени се банкноти од приватните колекции на нашите сограѓани…

Парите ни говорат за временските прилики од кога потекнуваат, и во добар, но и во лош контекст. Парите низ историјата ги најавувале војните, револуциите, вредноста на одредени валути, корупцијата, па дури и моќта на техниката.

Нотафилијата (од лат. nota знак и грч. φιλία љубав) е наука за книжните пари, а колекционерот на книжни пари се нарекува нотафилист.
Првпат зборот Нотафилија се споменува во 1969 година.
Нотафилијата од нумизматиката (собирање на монети) почнала да се одвајува седумдесетите години од минатиот век.

Повеќето нотафилисти книжните пари ги собираат по одредени теми:
- Временски периоди
- Држави
- Сериски броеви
- Хиперинфлација
- Личности
- Природа и др.

КАТЕГОРИИ  

Вредноста на банкнотата покрај реткоста, зависи од нејзината зачуваност, па така и постојат 6 категории на зачуваност:

  • UNC (Uncirculated 100%) Врвен квалитет, банкнота која е совршено зачувана и не била во оптек
  • XF (Extremely fine 90%) Банкнота со незначително оштетување, првиткана на средина
  • VF (Very Fine 75%) Видливи траги од користење, мали точки и превиткувања
  • F (Fine 55%) Очигледни траги од користење, заоблени агли и мека хартија
  • VG (Very good 45%) Недостигаат агли, закинувања на повеќе места
  • G (Good 30%) Недостигаат делови од банкнотата

ПОИМИ

  • Зашитни влакна - Обоени влакненца кои се наоѓаат во банкнотата
  • Заштитен елемент - Дел од банкнотата со кој банкнотата се штити од фалсификување. Порано се користел воден жиг и заштитен конец, сега се користати холограми, комбинација од бои и др.
  • Прештампување, оверпринт - текст или графички елемент со кои се менуваат својствата на банкнотата.
  • Реверс - Задна страна на банкнотата
  • Сериски број - Еден од заштитните елементи на банкнотата и се состои од броеви букви и специјални симболи.
  • Специмени - Примероци од банкноти, со посебни ознаки или текст, кои немаат платежна моќ и обично служат за граѓаните да се запознаат со новите банкнотата. Овие банкноти се ценети во колекционерството.
  • Холограм - заштитни елемент – Со набљудување од различен агол се менуваат боите или се создава различен визуелен ефект

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc