Гуѓаково (Гудјаково) е наполно раселено по 1981 година, кога броело четири жители, македонско население. Селото се наоѓа во прилепско Мариово, на надморска височина од 580 м. Атарот зафаќа простор од 21,2 км2.
Во XIX век Гуѓаково било село в Прилепската каза на Мариовската нахија на Османлиската империя. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Гуѓаково (Будяково) е посочено како село со 27 домаќинства и 105 жители христијани.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Гуѓаково (Годяково) имало 280 жители, сите христијани.
Во почетокот на ХХ век населението од селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Гуѓаково имало 240 егзархисти.
При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, тројца мештани од Гуѓаково биле доброволци во Македонско-одринската доброволна чета.
Според Георги Трајчев, Гуѓаково имало 30 куќи со 280 христијани.
Според пописот од 2002 година, Гуѓаково е целосно исселено село.
Коментирај