Старата чаршија во годините на Првата светска војна...

Градскиот саат

Градскиот саат

Саат кулата е изградена во центарот на Старата чаршија во 1858 година, на местото на постара дрвена Саат кула, која што изгорела во пожар, што ја зафатил целата Стара чаршија во 1854 година.
Ја изградиле познатите прилепски мајстори, Коста Лауц и Ристе Тасламиче.
Кулата е градена на шестоаголна основа со масивни делкани камени блокови во висина од 20,50 метри и скелетен систем од дрвена конструкција. Вкупната висина на објектот е 38,76 м. Интересен податок за Саат кулата во Прилеп е тоа што таа има инклинација од 114,4 см.
Во 1985 година, од страна на проф. доктор Борис Чипан е изготвен Проект за конзервација на Саат кулата, кој беше реализиран во текот на 1986 година.
Во 2010 година институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија од Скопје по барање на прилепскиот Музеј изготви идеен проект за санација и стабилизација на инклинацијата на Градскиот Саат, со што би се спречил прогресивниот процес на навалување.
Во 2013 година е извршена санација и стабилизација на Градскиот Саат во вредност од 5 милиони денари.

Саат кулата има натпис на влезот:

„Чукањето на саатот не е секогаш означување на времето.
За животот и времето што минува,
саттот жали и вика: Ах!
Новиот саат изграден во 1275 хиџра
(11.08.1858-30.07.1859)
Пожарот се случи 1271 хиџра
24.09.1854-12.09.1855)
Благодарност на Алах“

Преведено од Ахмед Шериф

Под саат кулата се наоѓа Градска чешма. Според мермерната плоча која е вградена во неа, таа е изградена во 1826 година, најверојатно кога постоела и дрвената кула.
Чешмата ја подигнал Саид Ага во 1826 година, а ја обновил Есад Ага во 1836 година а последната поправка на чешмата била извршена во 1896 година.

_____________________________________________________________________

ГОЛЕМАТА СААТ-КУЛА
Големата сат кула беше висока,
највисока и најувава од сите
повеќе од двесте години градена
пoдигната од Саид-ага, Лауцот
и Тасламиче како ѕидари млади,
со еснафски градски што многу се слушат.
Често пати преправана таа беше
часовници ставени од сите страни
направени така далеку да вијат
како моми в`танец што играат стројно
како ветар тивок да поддувнувал в`зори
како милна песна пропеана в`оро,
како мраморна чешма што тивко збори,
како кучиња надвор вијат и плачат
како јастреби и орли што се кријат јачат…
На влезната врата со арапско писмо
испишано стои: не радуј се човеку
од гласот негов зашто си постар,
чукни на саатот и времето што мине
одминува и силно вика долго ах…
Животот и времето на саат-кулата
беа навалени, свиткани над градот
како искривената кула од Пиза
градот Галилејов, за туристите рај
и многу постара од нашата кула,
но сепак споменици културни се знај.

ЈОВАН БАШЕСКИ

1 коментар

  • mixajlo December 3, 2011

    Уште не е паднат.. :) ))

    Respond

Коментирај

© 2011/12 dbmc