Христос Спасител и Жизнодавец (1394) манастир Св. Господово преображение с.Зрзе

Господ Исус Христос

Господ Исус Христос е Син Божји и Логос, втората личност на Света Троица. Кога дојде „штом се исполни времето“ и „се воплоти од Светиот Духи Марија Дева“, како Богочовек со Страдањата и Воскресението го спаси човечкиот род од гревот, пропадливоста и духовната смрт. Името „Исус“ (грчки: Ιησούς, латински: Jesus) доаѓа од еврејското име Jeshua, скратен облик на Jehoshua. Ова име е составено од божественото име Yahweh (Јахве) во скратен облик „Yah- Yeho“ и „shua“, односно: „Јахве е спасението“. Придавката „Христос“ произлегува од „χρίω“ = „помазува, облива“ и е еквивалент на еврејскиот збор „Masiah“.

Во оваа галерија презентирани се икони на Господ Исус Христос, насликани од прилепските зографи, како и икони од прилепските цркви и манастири низ годините.

Нема Коментари

Коментирај