Георги Стефанов Минов е македонски општественик и револуционер, деец на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.
Георги Минов е роден во 1892 година во Прилеп. Неговиот брат Илија Минов бил член на Прилепскиот околиски комитет на ВМОРО, а татко му Стефан и браќата Алексанаър и Димко биле активни членови на Македонската патриотска организација во САД.
Георги Минов завршил класична Гимназија во Битола во 1910 година, по што учителствувал во родниот град и участвувал во дејноста на ВМОРО. Во 1913 година, по Балканската војна, од српските власти бил интерниран во Бугарија. Набргу потоа емигрирал во Стилтон, Пенсилванија, САД при своите браќа. Во 1918 година участвувал во Македонскиот конгрес во САД, каде што ја поддржал идејата за независна Македонија, а подоцна участвувал во конструирањето на МПО „Прилеп“, Стилтон. Бил избран за претседател на постојаното биро на Шестиот редовен конгрес на МПО, кој се одржал во Акрон, Охајо меѓу 11-14 септември 1927 година.
Георги Минов загинал трагично на 13 септември 1927 година во автомобилска несреќа, по што му бил приреден достоен погреб од членовите на целата организација.
Коментирај