Знамето на лозенградската чета на ВМОРО (1903) со натписот: „Македоно-Одрински револуционерен комитет“.

Ѓорѓи Грашев

Ѓорѓи Грашев е македонски просветен деец и револуционер, член на Одринскиот окружен револуционерен комитет.

Ѓорѓи Грашев е роден во 1878 година во Прилеп.Тој е братучед на Милан Грашев. Завршил класична Гимназија во Битола, а во 1903 година и Словенска филологија при Софискиот универзитет. Во 1903 година станал учител во бугарската машка Гимназија во Одрин и влегол во окружниот револуционерен комитет, чиј член бил до 1907 година.

Потоа, од 1909 до 1912 година предавал во бугарската женска Гимназија во Солун, а подоцна во Втората женска гимназија во Софија.

Ѓорѓи Грашев починал на 25 јануари 1934 година во Софија.

Нема Коментари

Коментирај