Веселин Тофоски

Прилепски фудбалски легенди: Веселин Тофоски

Веселин Тофоски (Велендериќ) е роден во 1932 година во Скопје.

Бил наставник во повеќе средни училишта, работел во службата за образование на СО Прилеп, бил генерален секретар на ФК „Победа“ и секретар на тогашниот СИЗ за култура. По негова иницијатива реализирана е идеата за изградбата на Домот на културата во Прилеп.
До 1963 година бил голман во фудбалските клубови „Победа“, „Ударник“ и „Прилеп“. Во 1959 година бил дел од тимот на „Победа“ кога влегле во Втората сојузна лига на Југославија.

Како спортски новинар пишувал за „Народен глас“, белградски „Фудбал“, скопски „Вечер“. Во 1973 година прв претседател на Издавачкиот совет на списанието за физичка култура на Македонија.

Автор е и на 5 публикации посветени на прилепскиот фудбал.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc