Фреска над манастирските порти... Андроник II, Богородица и Михаило IX... XIX век...

Манастир „Успение на Пресвета Богородица“, Трескавец – Фрескоживопис

Манастир „Успение на Пресвета Богородица“, Трескавец – Фрескоживопис

Црквата посветена на Успението на Пресвета Богородица е манастирска црква во Манастирот Трескавец.

Таа во основата е еднокорабна, со наос надвишен со купола и разделен со пиластри на неколку краеви. Однадвор олтарната апсида на исток е тристрана.

Под длабокиот слој малтерисани ѕидови од северниот параклис, видливи се фрески што датираат од XIV век. Од овој век е и припратата со двете куполести кули, сместени на западниот дел на црквата. Фрескоживописот во црквата „Успение на Пресвета Богородица” го сочинуваат фрески од различни временски периоди. Најстари се оние на ѕидовите во просторот на двете кули, од 1334–1343 година, чиј ктитор бил цар Душан. Тие илустрират теми на календар и на светии претставени во полна големина, проследени со стиховите на Христофор Митиленски.

Од средината на XIV век потекнуваат фреските на некогашната фасада на доградениот параклис со ктиторските композиции, на кои е насликан ликот на ктиторот, тепчијата Градислав. Веднаш потоа се насликани и фреските на фасадите од ексонартексот.

Сликарите на фрескоживописот најверојатно потекнувале од околината на Солун.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc