ФК „Варош“ е формиран во 1939 година под името ФК „Искра“. Прв претседател бил Славко Халев. Подоцна, во 1947 година, иако не постоела општинска лига, екипата се натпреварувала со клубовите од Крушево, Македонски Брод, Кичево, Богомила и Прилеп. Во 1977 година, клубот е реорганизиран и почнал да се натпреварува во Општинската и Квалитетната фудбалска лига под името ФК „Црвени Стени“.
Во 1984 година ФК „Црвени Стени“ е преименуван во ФК „Варош“. Четири сезони клубот успешно се натпреварувал во Втората македонска лига. Најистакнати фудбалери, кои настапувале во клубот се: Николче Здравески, Миле Конески, Трајче Илиески, Влатко Мицески…
Поради финансиски проблеми, клубот ги прекинал натпреварите во регионалната лига во 2003 година. По осум години, во 2011 година, клубот повторно се активирал.
ФК „Варош“ располагаше со стадион, канцеларија, соблекувални со тушеви, изградени по сите стандарди. За време на повеќегодишниот прекин на натпреварување на клубот, стадионот и објектот се руинирани.
Дел од фотографиите се преземени од:
ФК Варош - Фејсбук фан страница
__________________________________________________________________
ФОТОГРАФИИ:
1978: Екипата на ФК Црвени Стени (ФК Варош)
Горе: Диме Насески – Кусио, Драган Гурмишоски – Мамбо, Тодор Тодески – Тоце, Мисев Гоце – Зенго, Драган Паризоски – Влашкио, Зоран Паризоски – Паризо, Конески – Штавре, Халев Славко (тренер)
Долу: Златко Панче, Љупчо Спиркоски – Дрогата, Трајче Илиоски – Раклето, Гоце Кумпаниоски – Курумо, Гоце Котески – Шурјако, Орде Дупјачанец – Оло
Коментирај