9 март 1952: ФК „Ударник“ пред натпреварот со ФК „Питу Гули“ (5:1)

ФК „Ударник“

ФК „Ударник“ е формиран во почетокот на 1951 година, со фузирањето на клубовите ФК „Прилеп“ и ФК „Работнички“.

Во 1952 година ФК „Ударник“ се натпреварувал во Битолскиот фудбалски потсојуз.

На натпреварот против ФК „Питу Гули“, одигран на 9 март 1952 година, боите на клубот ги бранеле: Крсте Конески, Бранко Н., Киро Тодороски, Стеван Тодороски, Веско Тофоски, Зеко Митрикески, Миле Јашароски, Петар Ристески, Коста Перески, Миле Пантушо, Миле Петрески и Живко Попоски.

Клубот под ова име функционирал до 1957 година, кога повторно го променил своето име во ФК „Прилеп“.

Нема Коментари

Коментирај