ФК „Тризла“

ФК „Тризла“, Прилеп

ФК „Тризла“, Прилеп

ФК „Тризла“ е основан во 1971 година по иницијатива на младинската организација. Како основачи и главни иницијатори за формирање на овој фудбалски клуб се спомнуваат: Илија Шокоски (првиот претседател), Методија Петрески, како и браќата Блаже и Илија Трајкоски.

Првите натпревари ги започна во општинската лига. По две години, се пласираа во повисок ранг, каде што се натпреваруваа со екипи и од Гевгелија и Струга. Имаат играно и во финалето на купот на град Прилеп против ФК „Победа“, откако во полуфиналето го совладале ФК „11 октомври“ по 120 минути игра.

Тризламаалци и денес се гордеат со градските фудбалски и судиски легенди: Маџоски, Стефаноски, Мазгалоски, Мирчески, Ангелески, Јорданоски, Асаноски, Кузманоски, Миленкоски…

Денешната екипа е реактивирана во 2008 година, по иницијатива на Кире Кулески, Игор Стојкоски, Рубин Цветаноски, Даниел Ацески и Трајан Стојкоски.

Денес ФК „Тризла“ се натпреварува во општинската лига.

Нема Коментари

Коментирај