24.12.1950: „Победа“ - „Работнички“ (Скопје) 3:3

ФК „Победа“, 1950-1959

ФК „Победа“, 1950-1959

Првото формирање на ФК „Победа“ датира од 8 октомври 1950 година, кога во весникот „Нова Македонија“ излегло кусо известување: „Гоце Делчев од Прилеп го промени името во ССД Победа“.

На клупскиот состанок, кога требало да се одлучи за промената на името, биле предложени и следнива имиња: Маркови Кули, Црвени Стени, Партизан, Ѕвезда, Победа… Со тајно гласање избрано е името Победа.

Првата управа на ФК „Победа“ ја сочинувале: Гога Крстески-Ѓуре (претседател), Дарче Биџоски (секретар-благајник), Лазо Чучуроски (почесен претседател), Кирил Крстески-Штркот (тренер), Андон Ѓорѓиоски (домаќин). За членови биле избрани: Борка Орданоски, Ѓоре Драгоманоски, Пеце Павлоски, Борче Илиоски, Ило Караџоски, Орде Тренкоски, Стеван Илиоски, Борка Кулески, Боге Ачкоски, Стојан Богатиноски, Димче Митрески-Јавашот, Велимир Пешталески, Трајко Димески-Трајло, Асен Кузманоски, Киро Ганата, Перо Тавчија, Стеван Вренцоски, Сотир Азманоски и Димче Локвенец.

Одговорна за женскиот спорт била назначена Нада Гешоска.

Составот на ФК „Победа“ низ годините:

ФК „Победа“, 1952: Никола Новаковиќ (тренер), Александар Гулески, Иван Атески, Атанас Камчески, Кирил Трајкоски, Гога Лашкоски, Димитар Москоски, Никола Цицоски, Драган Ангелески, Миле Најчески, Благоја Келтаноски, Ристо Тренкоски и Борче Илиески (член на управниот одбор);

ФК „Победа“, 1952: Лазо Чучуроски (претседател), Димитар Лашкоски, Благоја Келтаноски, Кирил Трајкоски, Драги Ангелески, Кирил Здравески, Орде Ристески, Раско Џемаилоски, Атанас Камчески, Кирил Атанасоски и Илија Игнатоски;

ФК „Победа“, 1953: Александар Гулески, Соколоски Илија, Атанасоски Кирил, Лашкоски Гога, Костоски Методија, Трајкоски Кирил, Ангелески Драги, Ристески Орде, Лашкоски Димитар, Тренкоски Ристо и Келтаноски Благоја;

ФК „Победа“, 1954: Соколоски Илија, Атанасоски Кирил, Трајкоски Кирил, Драги Ангелески, Ристо Тренкоски, Благоја Келтаноски, Александар Гулески, Методија Костоски, Гога Лашкоски, Орде Ристески и Димитар Лашкоски;

ФК „Победа“, 1955: Димитар Лашкоски, Милорад Илиќ-Бели (тренер), Благоја Келтаноски, Ристо Тренкоски, Ико Миноски, Гога Лашкоски, Трајче Бошкоски, Атанас Камчески, Методија Крстески, Крсте Конески, Илија Соколоски и Александар Гулески;

ФК „Победа“, 1959: Веско Тофоски, Благоја Келтаноски, Кирил Анески, Раде Цветковиќ, Томе Јакимоски, Живко Нешкоски, Трајче Бошкоски, Гога Лашкоски, Кирил Атанасоски, Методија Крстески, Илија Игнатоски и Илија Димоски.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc