ПОРАЗ ШТО БОЛИ…
Низ повремените успеси и падови, кои не беа крајно трагични за Прилепскиот фудбал, екипата на Победа полека и незабележливо стануваше соодветен квалитет, со разбирлив подем пропорционално на условите, интересот, вложувањата и расположивиот стручен и играчки кадар.
Во есенското првенство на 1953 година Победа лесно освојуваше бодови, нејзината игра беше секојпат на ниво, резултатите тоа го потврдуваа – а и конечниот пласман. Меѓутоа, факт е дека и натаму долгорочноста и перспективниот развиток не е застапен на најсоодветно ниво. Иако промоцијата на Победа беше сигурна во пролетта 1954 година, грижата за доградбените процеси и за надминување на веќе стекнатиот фудбалски квалитетен просек – не беше присутна во оние неоходни димензии.
Во пролетниот дел на првенството, до одигрувањето на квалификациите, немаше систематска подготовка. Не се обезбедија термини за одигрување на натревари со квалитетни екипи. Нормално беше што во смисла на реченото можеше да се дојде до единствен заклучок: се очекуваше успех врз база на она што постоеше како играчки квалитет. Повеќе фудбалско импровизирање и соодветна поединечна инспирација – отколку програмски совладана материја, што делуваше врз резултатите, и покрај огромната желба екипата да се натпреварува во повисок ранг.
Во натпреварите за бодови во МФЛ Победа настапуваше релативно променливо…
Ова е затоа што загуби четири натпревари, од кои два со скопските клубови Металец и Текстилец и со Брегалница во Штип и Напредок во Куманово. Практично, Победа загуби од 2 екипи кои испаднаа од МФЛ (Текстилец и Напредок).
Првенството на МФЛ заврши на 6 јуни. Еден месец потоа се одржуваа квалификациите за пополнување на Втората сојузна фудбалска лига. Според ждрепката противник на Победа беше екипата на Металец од Загреб.
„Карантинот“ сам по себе, како единствена форма на работа, или најзначајна, може малку да помогне, ако сите други подготвителни и неопходни форми не се присутни во неопходна мера. Настојувањето да се менува начинот на играта и да се прилагодува спрема практично непознатиот противник (Металец), беше меч со 2 сечила. Победа, разбирливо и овојпат ќе го плати цехот на неискуство, мегу другото.
Првиот квалификационен натпревар се играше во Прилеп, на 4 јули. Прилеп и овојпат потсетуваше на кошница. Освен прогнозите, обложувањата и живиот интерес мегу навивачите во Прилеп и прилепско, квалификационите натпревари со Металец од Загреб донесоа невиден интерес и мегу љубителите на фудбалот во Битола, Кавадарци, Кичево, Крушево – во целата наша Република. Градскиот стадион беше исполнет до последното место. Во ваков необичен амбиент и несекојдневна фудбалска атмосфера. Победа и Нејзините играчи се најдоа по вторпат – по квалификациите во 1952 година.
Овој натпревар Победа го доби со 2 : 0, со головите на Трајкоски Кирил и Крстески Методија. Според едни, тоа беше убава предност, според други, оние кои веруваа дека фудбалот останува фудбал, натпреварот во Загреб требаше да одлучи која од двете екипи ќе игра во повисок ранг.
На натреварот во Загреб пред 8.000 гледачи беше демантиран оптимизмот.
Одбележуваме:
Атанасоски Кирил десното крило на Победа беше на отслужување на воениот рок во Крагуевац. Стручните лица во Победа, посебно и навивачите, веруваа дека неговото присуство ќе значи многу за конечниот успех. Воените власти позитивно одговорија на барањето на Победа, а посебниот „адут“ за натпреварот во Загреб – Атанасоски Кирил иако играше добро, не помогна во конечниот успех. Се оценува дека овој натревар е загубен несреќно, Победа загуби со резултат од 4:1, што не одговараше на реалниот однос на силите на теренот, а со малку повеќе фудбалско среќа можеше лесно дури и да се слави Победа.
Секој ваков неуспех, нормално е, има соодветно психолошко дејство врз екипата во целина. Тоа се почувствува во играта на Победа во текот на есенското првенство на МФЛ.
Додека оваа стои како податок, во меѓувреме, и натаму фудбалските органи на ниво на Федерацијата и Републиката бараа соодветни системни решенија за доградување и надградување на начинот на првенствените натпревари. Иако беше формирана Втора сојузна лига, огромна преокупација на соодветните органи беше таа да се расформира, односно да се формираат зонски натпреварувања.
Пред есенското првенство подготовките на Победа беа релативно слаби, без амбиции, што на одреден начин беше корисно за другите квалитетни екипи во Републиката. Меѓу другото, почетокот на есенскиот дел потврди дека со огромна основаност и други градови во Републиката претендираат на по висок ранг. Квалитетот на скопските клубови Вардар и Работнички веќе беше потврден. Но,, со соодветен квалитет се наметнуваа и екипите од Кавадарци, Штип и Титов Велес, па и Битола, иако во средината на битолскиот фудбал се појавуваат и никулците на сериозна криза,во есенското првенство екипата на Победа загуби три натпревари во Гостивар, Битола и Гевгелија, а играше нерешено со Металец во Скопје и Теквеш во Прилеп.
Победа се пласира на трето место, додека првата позиција, со предност од 4 бода, им припадна на фудбалерите на Металец од Скопје.
Во натпреварите за Југословенскиот Фудбалски Куп на територијата од нашата Република екипата на Победа се пласира директно, но беше веднаш елеминирана од екипата на Металец од Скопјс со 7:0.
Прекинатиот првенствен натпревар од претходната година мегу Слога и Победа 0:1 се продолжи за 13 минути на 22.03.1954, во Скопје. Во продолжението Победа постигна уште еден гол и конечниот резултат од овој натпревар е 2:0.
И ЕРЛИХ ИМ ПОМОГНА…
Во сеќавањето на повеке директни учесници на овој настан, мегу другото, како нормална реакција на се она што предуслови Победа да не се пласира во повисок ранг, останува и вакво соопштение:
„И по 17 години се сеќаваме на арбитарот Ерлих од Љубљана, кој иако не единствен фактор, сигурно е дека беше значаен во елеминирањето на прилепскиот фудбал.
На 13 јули, во Загреб, се играше вториот квалификационен натпревар за пополнување на Втората сојузна лига.
Го издвојуваме како настан поради тоа што независно од резултатот, екипата на Победа прикажа една од своите подобри игри и беше блиску до конечниот успех во квалификациите.
Пред 8.000 гледачи екипата на Победа настапи во следниот состав:
Келтаноски Благоја, Ангелески Драган, Ристески Орде, Гулески Александар, Лашкоски Димитар, Лашкоски Гога, Атанасоски Кирил, Трајкоски Кирил, Атески Иван, Тренкоски Ристе и Конески Крсте.
Првото полувреме заврши со 1:0 за домашните со голот кој го постигна левата полутка Зобиќ. Во 65-тата минута Атанасоски Кирил израмни на 1:1. Се до 15 минути пред крајот резултатот беше нерешен, а скоро сите присутни на теренот беа убедени дека предноста од Прилеп е недостижна за Металец од Загреб. Меѓутоа, во „соодветна“ асистенција на судијата Ерлих, во последните 15 минути со головите на Капетановиќ – 1 и Медле – 2, екипата на Металец се пласира во втората Сојузна лига.
Милан Цакоски – претседател на ФК Победа
КОЛЕКТИВ БЕЗ МАНА
Беше вистинско задоволство да се работи со нив. Дисциплинирани и редовни, вљубени во фудбалот, играчите на Победа заслужуваа посебно внимание. А како што е познто, играа во беспрекорно строго аматерски услови. Тоа, сигурно, на свој начин ја зголемуваше нивната вредност како спортисти.
И не беа тие (и исклучиво тие) единствен мотив пради кој се повеќе се врзувавме за клубот. Посебно место зазема и публиката на Победа. И тогаш кога играше слабо и тогаш кога доаѓаа и порази – остануваше длабоко приврзана на клубот. А, ако средствата се прибираа од натпреварите и членарина, не може да се заборави влогот на поединци, коишто инвестираа неповратно, за подобрување на материјалните услови на клубот, како на пример: Даре Биџоски, Орде Тодороски, и други.
Се разбира, во тогашните услови управата на Победа беше се и сешто. Нејзините членови беа и редари, нејзините членови , вложуваа максимум усилби, самоиницијативно (честопати) да има се помалку проблеми од каков било вид.
Му посветувавме огромно внимание на сопствениот кадар, бевме свесни дека една генерација, како резултат на годините и работните обврски, ќе мора да си оди. Онаа што доаѓаше ја обезбедувавме од нашата средина со волонтерска работа на „Митушот“ и Александар Самарџиоски.
Се радувавме што така вложениот труд донесуваше истакнати поединци, како Атанасоски Кирил – Бикерес, кои долго потоа ќе имаат видно место во прилепскиот фудбал.
Победа во овој период одигра и една своевидна пионерска улога. Програмски почнавме да одигруваме пријателски натпревари во населените места во општината. Непосредно потоа, во скоро секое село никнуваа фудбалски клубови, дел од кои денес играат мошне успешно но соодветните натпреварувања во рамките на општгинската лига, односно и во Титовелешкото фудбалско подрачје. Ова имаше огромен резон, бидејќи бевме свесни дека масовноста ќе инфилтрира и квалитет, дека дел од талентираните момчиња од нашето село ќе можат нешто подоцна да играат и во поквалитетните клубови…
Првенствени натпревари на МФЛ (Пролет)
Текстилец -Победа | 1:0 | 21.03.1954 | 2.000 |
Слога -Победа | 0:2 | 22.03.1954 | 13 минути |
Победа - Охрид | 7:0 | 28.03.1954 | 3.000 |
Работник -Победа | 0:1 | 04.04.1954 | 8.000 |
Победа - Црвена звезда | 3:0 | 11.04.1954 | 3.000 |
Металец -Победа | 2:1 | 18.04.1954 | 2.000 |
Победа - Беласица | 1:0 | 25.04.1954 | 3.000 |
Брегалница -Победа | 2:1 | 09.05.1954 | 3.000 |
Победа - Тиквеш | 4:0 | 16.05.1954 | 4.000 |
Напредок -Победа | 3:2 | 23.05.1954 | 3.000 |
Караорман -Победа | 3:3 | 30.05.1954 | 2.000 |
Победа – Слога | 6:1 | 06.06.1954 | 3.000 |
Конечна табела на МФЛ:
1. | Победа | 22 | 16 | 2 | 4 | 53:20 | 34 |
2. | Тиквеш | 22 | 13 | 4 | 5 | 43:28 | 38 |
3. | Металец | 22 | 12 | 1 | 9 | 44:38 | 25 |
4. | Беласица | 22 | 10 | 2 | 10 | 44:38 | 22 |
5. | Караорман | 22 | 8 | 5 | 9 | 48:42 | 21 |
6. | Брегалница | 22 | 8 | 5 | 9 | 52:54 | 21 |
7. | Црвена Звезда | 22 | 7 | 6 | 9 | 37:39 | 20 |
8. | Работник | 22 | 6 | 8 | 8 | 38:43 | 20 |
9. | Слога | 22 | 7 | 6 | 9 | 34:46 | 20 |
10. | Oхрид | 22 | 7 | 6 | 9 | 30:45 | 16 |
11. | Текстилец | 22 | 7 | 2 | 13 | 29:45 | 16 |
12. | Напредок (Ку) | 22 | 5 | 5 | 12 | 38:48 | 15 |
Квалификации за втората сојузна лига:
Победа – Металец (Загреб) | 2:0 | 04.07.1954 | 5.000 |
Металец – Победа | 4:1 | 13.07.1954 | 8.000 |
Првенствени натпревари на МФЛ (Есен):
Металец – Победа | 2:2 | 03.09.1954 | 1.500 |
Победа – Победа (тв) | 6:1 | 12.09.1954 | 4.000 |
Работник – Победа | 3:0 | 19.09.1954 | 6.000 |
Победа – Брегалница | 5:1 | 26.09.1954 | 3.000 |
Братство – Победа | 3:1 | 03.10.1954 | 3.000 |
Победа – Слога | 3:0 | 17.10.1954 | 2.000 |
Преспа – Победа | 2:3 | 24.10.1954 | 1.500 |
Победа – Беласица | 2:0 | 31.10.1954 | 3.000 |
Кожуф – Победа | 2:1 | 07.11.1954 | 1.500 |
Караорман – Победа | 1:3 | 14.11.1954 | 1.500 |
Победа – Тиквеш | 1:1 | 21.11.1954 | 2.000 |
Табелата на МФЛ:
1. | Металец | 11 | 8 | 2 | 1 | 37: 8 | 18 |
2. | Тиквеш | 11 | 6 | 3 | 2 | 21 :14 | 15 |
3. | Победа | 11 | 6 | 2 | 3 | 21 :17 | 14 |
4. | Победа (ТВ) | 11 | 6 | 1 | 4 | 34:24 | 13 |
5. | Работник | 11 | 4 | 4 | 3 | 25 :18 | 12 |
6. | Слога | 11 | 4 | 3 | 4 | 21:19 | 11 |
7. | Братство | 11 | 4 | 2 | 5 | 20:22 | 10 |
8. | Брегалница | 11 | 4 | 2 | 5 | 33:36 | 10 |
9. | Кожуф | 11 | 3 | 2 | 6 | 19:27 | 8 |
10. | Беласица | 11 | 3 | 2 | 6 | 12 :27 | 8 |
11. | Преспа | 11 | 3 | 1 | 7 | 16:31 | 7 |
12. | Караорман | 11 | 1 | 4 | 6 | 9:31 | 6 |
Југословенски фудбалски куп:
Победа -Ударник | 6:2 | 20.06.1954 | 2.000 |
Металец (С) – Победа | 7:0 | 25.07.1954 | 2.000 |
Пријателски натпревари:
Кожуф – Победа | 1:4 | 21.02.1954 | 1.000 |
Кожуф – Победа | 1:0 | 28.02.1954 | 1.500 |
Победа – Ударник | 6:1 | 07.03.1954 | 500 |
Победа – Железничар | 9:2 | 14.03.1954 | 1.500 |
Победа- Работнички (С) | 4:1 | 13.06.1954 | 3.000 |
Победа -Раднички (Кр) | 2:2 | 02.08.1954 | 1.500 |
Победа- Работник (Б) | 7:3 | 15.08.1954 | 1.500 |
Победа – Гарнизон (П) | 7:1 | 22.08.1954 | 500 |
Победа – Пелистер | 2:0 | 12.12.1954 | 500 |
Рекапитулација на одиграни натпревари:
Вид на натпревари | Одиграни: | Добиени: | Нерешени: | Загубени: | Голови: |
МФЛ |
23 |
13 |
3 |
7 |
59:33 |
Квалификации |
2 |
1 |
0 |
1 |
3:4 |
Куп |
2 |
1 |
0 |
1 |
6:9 |
Пријателски |
9 |
7 |
1 |
1 |
41:13 |
Вкупно |
36 |
22 |
4 |
10 |
109:59 |
Настапи и голови:
Фудбалер | Настапи | Голови |
Гулески Александар |
З5 |
|
Келтаноски Благоја |
ЗЗ |
|
Лашкоски Димитар |
ЗЗ |
|
Соколоски Илија |
29 |
20 |
Ангелески Драган |
28 |
2 |
Тренкоски Ристе |
27 |
18 |
Лашкоски Гога |
25 |
4 |
Трајкоски Кирил |
22 |
18 |
Конески Крсте |
21 |
11 |
Конески Методија |
18 |
|
Костоски Даре |
17 |
|
Ристески Орде |
14 |
|
Атески Иван |
13 |
9 |
Митриќески Зеко |
12 |
5 |
Камчески Атанас |
12 |
|
Тренкоски Стеван |
10 |
6 |
Игнатоски Илија |
9 |
2 |
Атанасоски Кирил |
8 |
10 |
Скопскиот Бранко |
8 |
|
Јованоски Илија |
8 |
|
Димоски Кире |
5 |
|
Бошкоски Трајче |
5 |
|
Иваноски Ристо |
3 |
|
Петрески Ратко |
3 |
|
Тотоски Наќо |
2 |
|
Крстески Методија |
1 |
|
Миноски Ико |
1 |
Коментирај