ФК „Илинден“, Долнени.

ФК „Илинден“, Долнени

ФК „Илинден“, Долнени е формиран во средината на 1948 година од група ентузијасти и вљубеници на фудбалот, кога Костадин Алексоски, Димче Атанасоски – Пиралко и неговиот брат Ѓеро, ја донесле првата кожена топка од Скопје. Во почетокот клубот бил срдечно помогнат од Земјоделската задруга „Илинден“, по која и го добил името.

Со променлив успех, клубот се натпреварувал во општинските лиги, како и во Пелагонискиот регион. Позначајни фудбалери, кои настапувале за клубот се: Ордан Ѓорѓиоски – Вукасо (играл за ФК „Пелистер“), Александар Филипоски – Цанкио (играл за ФК „Трешњевка“ од Загреб), Марјан Алексоски (играл за ФК „Победа“)…

2 коментари

  • Aco Aleksoski April 21, 2017

    Една корекција,покрај нив (Димче И Ѓеро) Костадин Алексоски, како ученик во Средно фискултурно училиште во Скопје,учествувал во формирањето.Има и една грешка во презимето на ,,Цанбкиот,, место Спиркоски треба да стои ФИЛИПОСКИ.
    Поздрав до сите љубители,подржувачи и учесници-играчи и членови на раководство на ФК,,Илинден,,

    Respond
    • PSF April 22, 2017

      Благодариме за добронамерните критики.
      Слободно обратете се доколку поседувате било каков фото материјал кој би сакале да го објавиме овде.

      Respond

Коментирај