ТЕТРАТКА ПО ФИСКУЛТУРА ЗА КЛАСНА РАБОТА на Трајкоска Лилјана ученик во IIIа клас при Прилепската гимазија, 1952 година.
Текстот е пренесен изворно, онака како што е напишан
БЕЈЗБОЛ
Играта бејзбол е една од најпопуларните игри во Америка. Се игра по девет играчи од страна. Секој играч има по една лева кожена нараквица.
Нараквицата му служи за полесно да може да ја држи палицата. Средниот играч е облечен во кожни алишта ие заштитен на главата со маска.
Реквизитите за бејзбол се следните: Секој еден играч има кожени чевли кој одоздола има шајки, топка кожена во пречник од 5см, долга палица од 85-120см.
Оваа игра ја играат професионалисти.
Секој играч кој е удира топката со палицата се вика батмен.
КЛЕКОВИ
Клековите се разликува од чучните по това што при клековите нозете ја додирнуваат (тлото) земјата.
Клековите можа да бида: обеножни и едноножни.
Обеножните клекови можа да бида: еднужни и размучни.
Едноножните клекови можа да бида: чочни и корачни.
При обеножните клекови тежината на телото е на двете нозе, а при едноножните клекови тежината на телото е на едната нога.
СТАВОВИ СО ЗГРЧЕНИ НОЗЕ
Ставовите со згрчени нозе можат да бидат: чучневи, полу чучневи и клекови.
За чучен викаме дека е оној став каде што потколеницата се доближува со над коленицата.
Получучневите се разликува од чучневите што при овај став немаме никаков додир со над коленицата и под коленицата и имаме мал згип надолу.
Ако тежението на телото е на две нозе при чучневите, тогај имаме три врсти на чучневи: здружни чучен, разножни чучен и ножни чучен.
СКОКОВИ ВО ДАЛЕЧИНА
Разликуваме четири фази, итоа:
1. Залет
2. Одраз
3. Лет
4. Доскок
Имаме четири врсти стази за трчање итоа:
1. Кратка стаза е од 60, 100 и 200м.
2. Средна стаза е од 500, 800 и 1500м.
3. Долга стаза е од 3000, 5000 и 10000м.
Строевите можат да бидат двојни и четвоврсни и.т.н
Четвоврсни строј е оној кога сме постројни во четири врсти. Четвороколовни строј е оној кога сме спремни за марш. Уште овој строј се вика развиен строј.
СТРЕЛАРСТВО
Стреларството е една од најважните гранки во фискултурата. Преку стреларството, фискултурнистот се оспособува за сите војни дисциплини.
Стрелање има со бојна пушка и со малокалибарна пушка.
Малокалибарните пушки служат за гаѓање за јуниори и пионери.
На пушката разликуваме следните делови: Цефка која је обоена црна боја да не биде приметлива од непријателот, предни нишан, задни нишан кој служи за реголисување на далечината при гаѓањето. На задниот нишан се навоѓат бројки и преку кој ја одредуват далечината каде сакаме да гаѓаме.
Пушката се состој: затворач, сандак, магацин во кој се тура куршуми, има и петле со кое се пука. Кундакот долу е проширен и служи за палење на пушката.
На кундакот има лев и десен образ, врат и петле.
Затворачот се состој од: тело, ударна игла, ударна опруга и корица.
Ставови за гаѓање имаме: стоеќи став, лежеќи став и клечеќи став.
Во сите ставови имаме нишанска линија која се замислува од пролезот на задниот нишан до предниот нишан.
Целта што ја гаѓаме се вика нишанска топка.
Војната пушка фрла 2000м. Сите делови од пушката се изградени од челик. Малокалибарната пушка ги има сите делови ама се разликува.
СКИЈАЊЕ
Ските се мачка со восок да не се лепи снего. Терено кај што се скиеме треба да биде поблак. Пред се спуштаме со ските треба да видиме какво е местото.
МАЧКАЊЕ НА СКИИ
Имаме маниа за мачкање на скии: темпо 1, темпо 2 и нагоре.
Темпо 1 се употребува на температура од -2 до +5 степени.
Темпо 2 се употребува на температура од -5 до -15 степени.
Маниата е црна и затворена во кутија и е во тврдо состојание.
При скијањето едната нога (крмилица) е издаваме понатре. Крмилицата служи за подобар степенитен на телото.
ЧУВАЊЕ НА СКИИТЕ
Скиите кога ќе ги изводенеме, ние ќе ги стокмиме двете ски и на две места ги врзиме и ги кладеме на блажно место. Ските пред да ги кладеме ќе ги подмачкаме со восок.
Пример кое има под ските завој кој се доближува за да неможи да се исправа, долу кај нозете има штапче за да стоа прораширено, треба да се федирираме. Долу не се врзува ските, туку имава тело и штиче на две места се врзува. Има две вретена со кој се со ремен, тие се обесува кај клужниот завој и треба вода да ја натопиме а ако е поќе завиена поубаво ќе се лизга.
НЕПОГОДИ ВО ПЛАНИНА И ЗИМСКИТЕ ОПЕКОТИНИ
Непогодите во планината можат да бидат:
- Лавина:
Лавините можа да бида: дубински, темелни, суви и влажни лавини. сите овие наброени лавини се најдува на висина од 1500 до 2200 метри.
Дубинските и темелните лавини се изненадни. При довагањето нивно тие засипува огромни терени каде што извршува големи штети.
Дубинските и темелните лавини ги имаме во пролет кога почнува снегот да се топи.
Суви лавини се оние кој настануваат у след голема промена на времето. За разлика од другите лавини, овие суви лавини се најопасни зашто во себе што не содржат пори през кој не не би може воздух да влезе. Ове лавини уште се викат безвоздушни.
Влажните лавини имат во себеси воздух и може човек да се спасе од нив и тоа со исфрлање на телото над лавината и тогаш таа го носи.
- Смрзнување:
Смрзнувањето се јавува над 2500 метри нагоре. Прва помош на замрзнатиот му се дава следната:
Се зема замрзнатиот човек наеднаш не се внесува во топло, стоје ко во ладно сите тије деној и се масира со снег се дотогај дури крвта не тргни да се движи. масирањето нетреба да биди многу силно но понарака.
Коментирај