2 мај 1940: Дописна картичка испратена од Прилеп за Котор

Дописна картичка, 2 мај 1940 година

Прилеп, 2 мај 1940 година
До Каплар ђак
Ћирило Спасевић
Апотека сталне војне болнице
Котор

Мили Кире

Картичката ја зедовме баш на првијо ден на Велигден и многу не израдува, ни се стори како ти да си дојде.
И није ти пративме картичка, сигурно и ти је имаш земено.
Велигдено како си помина?
Није многу убо, Петре уше на Великичетврток си дојде и веће го ослободија, па на првијо ден Кире, ни дојде и Сотир и многу не израдува.
Ич није не знајвме оти ће иди, така апансас ни дојде, бес да ни кажи.   Па порно така је… Поседе првијо и фторијо ден, па третијо ден на Велигден си отиде. Па ако толку достаје, едно видување многу пари чини.

Многу арен беше. Како март наконтен беше.. Имаше напрајно ноф чивт костум, чевли имаше нови кафјави американски крој и многу убај, му ги донела госпођата од Белград, бакшиш.
Чудо му је, од секоја страна погодело му је. Со душа тебе те чека да свршиш, та дури да си најдиш работа да му појдиш некој ден на гости.
Пред десетина дена си купил радијо од марката Телефункен и многу уба била велеше. Го начекал многу ефтино, за 1200 динари. И сега велеше шо сакал си праја со него, везден си го отворал да го гледа.
Ај и ти уше тро ко ће си дојш и ће си врвиш убо со Сотира.
Киликата ни прати две визит картички за Велигден, една за Петре една за тебе.
Времето је многу лошо, по цел ден врни. Велигденов се врнеше…
Да ти кажам сега едно ново!
Андријана Бомболоска се сврши за еден професор од Струмица, католик бил. Па јас ја видов празнициве со едно момче да шета, а то момче било годенико. Многу младо беше, дури по млад изгледаше од неа.
Се сакаше со се живо па најпосле да земи католик.
Пред Велигден ти пишав една карта, сигурно ја имаш земено.
Срдечни поздрави и целувки до сите…
Паре

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc