Дописна картичка, 1 октомври 1929 година (Предна страна)

Дописна картичка, 1 октомври 1929 година

Нови Сад, 1 октомври 1929 година
До 
Сотир С. Спасевић
Спојна Цеста бр. 4
Вила Сокол
Загреп

Драги другаре Сотире

Картата твоја ја примив брате и разбрах всичко.
Многу се израдував со испито що сиго положил. Да дај Госпо, се со успех да ти биди трудо брате мој.
Си бил на бијоскоп и на опера оди брате мој, гледај и за мене, уживај и за мене.
Јас сум добро.
Картава ја добив уше некни, но сум малку болестен, тики не можев одма да ти одговорам.
Кој знај що ме снајде. Настинат сум прописно како що треба, но денеска сум многу добар, та седнав да ти пишам неколко реда.

Од Прилеп немам од никого писмо, кој знај що пра.
Некни се најдов овде со четири деца од Прилеп, бе дојдени за питомци вов подофицирска школа.
Јас и саветвав да не се запишуват, и ме послушаја. Тије деца беја, еден од тенекеджијата кај Пилјако що седи, еден од поп Јона, еден од Камчета и еден од Германа помалото. Ги вратив назат, ги спасив.

В Прилеп се укидала Гимназија и Учителска школа.
Круме наш ошол в Битола да учи а Нико и Кире ваш незнам каде.

СК Југославија наша некни играла за првенсвото та и изгубила 3:2 за Битољ, али со Битољ силан Прилеп е на публика. Отишле 400 души таму.
Димитрија Кожаро, крилото од Југославија, умрел преди 10 дена.

Друго ново нема.
Со здравјето сум и за со десеторка, хвала Богу добар. Сшчо желим да сте поздрави брате од мене.
Го гледав Фауст.
Сотире брате ще се видиме, ти сакам поиче здравје
Прими мојте братски поздрави.
Споздрав твој љубим брат Блаже К.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc