1928: Маркици издадени од МПО од САД со чија продажба се собирале средства за функционирање на организацијата

Филателија

Филателија

Филателијата претставува собирање и проучување на поштенските марки и до ден-денес се смета како едно од најпопуларните хобија во светот. Поштенската марка, како амбасадор на земјата-издавач, овозможува поглед во културата на земјата, нејзиното уметничко и историско наследство. Филателијата ги обединува луѓето со различни професии, политички убедувања и социјални класи, кои на ова хоби му се посветуваат заради задоволство, проширување на своето знаење, но и заради профит.

Во Република Македонија се издаваат три вида поштенски марки: пригодни, редовни и доплатни. Пригодните се јубилејни поштенски марки и се издаваат според програма одобрена од Владата на Република Македонија. Редовните марки циркулираат во секојдневниот поштенски сообраќај и имаат различна тематика – архитектура, етнологија итн. Доплатните марки се печатат со одлука на Собранието на Република Македонија, а доплатата на услугата е наменета за хуманитарни цели.

Во оваа галерија, претставени се повеќе видови на поштенски марки, печатени од времето на Османлиското царство, па се до самостојна Република Македонија, поврзани со нашиот град Прилеп, преку мотивите и поштенските печати.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc